Компаниите од преработувачката индустрија очекуваат намалување на бројот на вработени
Објавено на од во Економија

IMG_2109Раководителите на компаниите од преработувачката индустрија очекуваат во следните три месеци бројот на вработени во оваа индустрија да се намали, покажува истражувањето на Државниот завод за статистика за деловните тенденции во преработувачката индустрија.

Понеповолни очекувања раководителите на компаниите имаат и за обемот на производството во следното тромесечје.

Најголемо ограничувачко влијание врз обемот на производство, според нив, има недостигот на работна сила со 28,8%. Втор ограничувачки фактор за обемот на производство е недоволната домашна побарувачка (14,7%), следат недоволната странска побарувачка (14,6%) и неизвесното економско опкружување (10,4%.)

Преработувачката индустрија е најголем вработувач во Македонија каде се вработени близу 145 илјади лица.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×