Kомпаниите од зоните работат три пати подобро од останатиот бизнис!
Објавено на од во COVER STORY

IMG_5121Паралелни економии

Странските извозни компании што работат во технолошко индустриските развојни зони работат три пати подобро отколку останатите компании од бизнис секторот. Најновиот Извештај за финансиска стабилност на Народната банка, покажа дека 19 компании лоцирани во технолошко индустриските развојни зони минатата година ги зголемиле приходите од продажба за 18,6%, додека пак растот на продажбата на годишно ниво кај сите останати 53.446 фирми во земјава изнесува 5,5%. Ако се споредува добивката што ја оствариле извозните компании, таа е зголемена за дури 38,9%, додека пак сите останати компании пријавиле добивка што е 12,1% поголема отколку во 2015 година. Профитабилноста мерена преку индексот РОА (поврат на средствата) кај странските извозни компании изнесува 13,5%, додека во остатокот од бизнис секторот е измерена профитабилност од 3,3%. Индексите за ликвидност се двојно повисоки во технолошко индустриските зони наспроти останатиот бизнис сектор.

 

Странските извозни компании што работат во технолошко индустриските развојни зони работат три пати подобро отколку останатите компании од бизнис секторот. Најновиот Извештај за финансиска стабилност на Народната банка, покажа дека 19 компании лоцирани во технолошко индустриските развојни зони минатата година ги зголемиле приходите од продажба за 18,6%, додека пак растот на продажбата кај сите останати 53.446 фирми во земјава изнесува 5,5% на годишно ниво. Ако се споредува добивката што ја оствариле извозните компании, таа е зголемена за дури 38,9%, додека пак сите останати компании пријавиле добивка што е 12,1% поголема отколку во 2015 година.

Профитабилноста мерена преку индексот РОА (поврат на средствата) кај странските извозни компании изнесува 13,5%, додека во остатокот од бизнис секторот е измерена профитабилност од 3,3%.

„Новите извозно ориентирани капацитети забележаа подинамичен годишен раст во 2016 година во споредба со растот на домашниот корпоративен сектор во целина, но и со растот на остатокот од корпоративниот сектор без овие нови капацитети. Споредбата на показателите за работењето на новите извозно ориентирани производствени капацитети со показателите на останатите субјекти од корпоративниот сектор покажува дека ваквите субјекти бележат подобри остварувања во секој аспект од нивното деловно работење“, пишува во Извештајот на Народната банка.

Показателите кои што покажуваат каква е ликвидноста во бизнис секторот покажуваат дека овој проблем е далеку поизразен во домашните фирми споредено со странските инвестиции што работат во индустриските зони.

Коефициентот за тековна ликвидност кој што би требало да изнесува 2, според податоците од Извештајот за финансиската стабилност за 2016 година, кај извозните компании ја надминува оваа граница и изнесува 2,1. Во сите останати фирми, измерена е коефициент на ликвидност од само 1,2.

09pКоефициентот на моментална ликвидност, пак, кој што треба да биде 1, минатата година кај странските извозни компании изнесува 1,5, додека пак кај останатите фирми од бизнис секторот под минималната граница и изнесува само 0,9.

Висината на овие коефициенти јасно покажува дека најголемиот проблем на домашниот корпоративен сектор е одржување задоволителна ликвидност, додека пак странските компании што работат во зоните го немаат овој проблем.

„Новите извозно ориентирани производствени капацитети бележат значително повисока профитабилност, имаат побрз обрт на залихите и побарувањата, повисоки показатели за ликвидноста и прилично помала задолженост и оптовареност со каматни плаќања. Според ова, разликите во показателите за работењето на овие компании споредено со остатокот од македонскиот корпоративен сектор, на извесен начин ги објаснуваат разликите во успешноста поврзана со спроведувањето на деловните цели, функционалноста на избраниот деловен модел и квалитетот во управувачките процеси“, објаснуваат аналитичарите на Народната банка.

Единствена ставка од билансите чијшто раст во 2016 година каде што не се забележуваат значителни разлики споредено со останатите фирми од домашниот корпоративен сектор, е каматоносниот долг на претпријатијата, главно од кредити.

„Можно е еден дел од разликите во растот, особено оние кои се однесуваат на конкретни видови средства, да се јавуваат и поради тоа што дел од овие нови претпријатија сè уште го немаат комплетирано планираниот инвестициски процес“, пишува во Извештајот за финансиската стабилност на Народната банка.

Во минатите неколку години, извозните компании што отворија фабрики во технолошко индустриските развојни зони, го предводеа растот на извозот и со тоа и значителен дел од растот на бруто домашниот производ.

За илустрација, во минатите четири години, најголем придонес во годишниот раст на извозот од Македонија имаше извозот на машини и транспортни уреди, што во најголем дел се должи на работењето токму на овие нови производствени капацитети. Иако станува збор за само 19 компании од вкупно 53.446 субјекти од корпоративниот сектор со доставени годишни сметки, учеството на овие претпријатија во вкупните средства на крајот од 2016 година изнесува 4,5%, во приходите од продажба е 9,7%, а во добивката по оданочување е 15,3%. Некои од овие субјекти се дел од меѓународно активни компании, што од своја страна најверојатно значи поголем квалитет во нивното управување, подобра организација во работењето и полесен пристап до пазари за продажба на производите, и следствено, помал оперативен ризик во нивното работење.

10p36,3% од фирмите во загуба

Домашниот бизнис сектор минатата година се покажа отпорен на негативните ефекти од нестабилното домашно политичко опкружување ако се земат предвид показателите за растот на приходите од продажбите, и остварените финансиски резултати.

Додадената вредност на домашниот корпоративен сектор лани, и покрај нестабилниот домашен политички амбиент и присутната неизвесност, сепак забележа умерен годишен пораст. Според податоците од Извештајот, додадената вредност на корпоративниот сектор, изразена по тековни цени се зголеми за 6,2%.

Речиси сите одделни стопански дејности имаат позитивен придонес во формирањето на годишниот раст на додадената вредност на корпоративниот сектор. Споредено со 2015 година, нивниот раст е нешто понизок, а само дејноста „индустрија“ забележа негативна реална стапка на промена. Најголемиот придонес во реалниот раст на додадената вредност на корпоративниот сектор има градежништвото, најверојатно  поради спроведувањето на јавно финансираните инфраструктурни проекти.

Политичката нестабилност минатата година не предизвика значителни промени и во обемот на претприемачката иницијатива.

Формирањето нови економски субјекти забележа благо зголемување споредено со претходната  година, а учеството на новооснованите фирми во вкупниот број активни компании има стабилно движење.

Од друга страна, како последица на законските одредби за постапување со субјектите со утврден неактивен статус, се забележа намалување на бројот на компаниите со блокирана сметка.

Намалување се забележува и кај излезот на фирми од пазарот преку отворање стечајна постапка. Притоа, стапката на банкротирани компании е намалена од 3,2% на 2,1%.

Вкупните приходи на корпоративниот сектор остварија годишен раст од 6,7%, приходите од продажба и оперативните расходи од работењето за 6,6%. Ваквата динамика на приходните и расходните категории овозможи раст на нето добивката на домашниот корпоративен сектор и добивката од редовно работење од 15,5% и 8,8%, соодветно.

Независно од нестабилноста во домашното политичко опкружување, корпоративниот сектор во 2016 година успеа да забележи подобрување на профитабилноста, што се потврдува преку позитивните промени на показателите за профитабилноста. Така, повратот на просечните средства (РОА) и повратот на просечниот капитал и резерви (РОЕ) забележаа благо зголемување во 2016 година.

Главен носител на подобрувањето на профитабилноста е подобрувањето на нето профитната маргина на корпоративниот сектор од 4,3% во 2015 на 4,6% во 2016 година, додека ефектот на промените на обртот на средствата и во т.н. „финансиски левериџ“ на корпоративниот сектор беа поскромни.

Аналитичарите на Народната банка констатираат дека подобрувањето на профитабилноста на домашниот корпоративен сектор во 2016 година повеќе се должи на одложените ефекти од тековната ниска цена на финансиските ресурси и ниското ефективно оданочување на добивката, отколку на промените во оперативниот левериџ или на подобрувањето на избраните деловни модели на претпријатијата.

Во 2016 година 36,3% од вкупниот број субјекти во корпоративниот сектор прикажаа загуба наспроти 36,4% од фирмите во 2015 година.

Нето работниот капитал на домашниот корпоративен сектор забележа зголемување за 8,2%. Најголем придонес за овој раст имаат различните форми на краткорочни побарувања на претпријатијата, растот на залихите и растот на паричните средства, додека краткорочните обврски придонесоа во насока на намалување на нето работниот капитал.

Показателите за ликвидноста сѐ уште се наоѓаат на релативно скромно ниво, а постои и висок степен на нееднаквост при распределбата на ликвидноста меѓу одделните субјекти од корпоративниот сектор. Така, се забележува корелација меѓу показателите за ликвидноста и резултатот од работењето на субјектите, при што оние претпријатија што прикажале загуба од работењето располагаат со значително помала ликвидност. Од аспект на големината на претпријатијата најмали показатели за ликвидноста се присутни кај микро фирмите коишто всушност се и најбројни.

Задолженоста продолжува да расте

Долгот на домашниот корпоративен сектор продолжи да расте и минатата година заради значително поголемото користење на надворешни извори на финансирање за сметка на помалото задолжување кај домашните банки.

Нето – задолженоста на корпоративниот сектор кон надворешните доверители се зголеми, додека кон домашните банки забележа намалување. Иако растот на надворешните извори на финансирање за домашниот корпоративен сектор главно се должи на меѓу – компаниските заеми поради странските директни инвестиции, сепак го зголемува значењето на движењата на меѓународните финансиски пазари.

Трендот на намалување на висината на каматните стапки на кредитите продолжи и лани, што сигнализира дека домашните банки вградуваат намалена премија за кредитниот ризик во одобрените кредити на домашните претпријатија.

„Показателите за задолженоста на корпоративниот сектор во 2016 година се задржаа на релативно стабилно ниво, што покажува дека промените на обврските на корпоративниот сектор, генерално ги следат промените кај неговата капитална позиција. Анализирано по одделни дејности, показателите за задолженоста се највисоки кај градежништвото и кај дејностите во врска со недвижниот имот, стручните, научните, техничките, административните и помошните услужни дејности. Најмали показатели за задолженоста се забележуваат кај дејноста земјоделство, шумарство и рибарство. Изразено повисоки показатели за задолженоста имаат субјектите што прикажале загуба во работењето и микропретпријатијата“, пишува во Извештајот за финансиска стабилност на Народната банка.

 

 

 

 

 


Почитувани за да продолжите со читањето треба да бидете претплатник

Доколку сте претплатник на kapital.mk, само логирајте се.

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×