Компаниите од зоните во првите пет месеци годинава направиле вкупен извоз од 942 милиони евра и увоз од 683 милиони евра
Објавено на од во Компании

зона 2Вкупниот извоз од компаниите кои работат во слободните економски зони во првите пет месеци годинава достигна 942 милиони евра, што е раст од 14% во споредба со истиот период претходната година.

Увозот, пак, од зоните во првите пет месеци годинава изнесувал 805 милиони евра, што значи дека нето извозниот ефект од зоните во првите пет месеци годинава е 136 милиони евра.
Најголем извоз во првите пет месеци годинава има зоната во Скопје во износ од 796 милиони евра, која истовремено имала и најголем увоз во вредност од 683 милиони евра. Ако се земат во обзир податоците за увозот и извозот, во зоната во Скопје се создава и најголем нето извоз, кој во првите пет месеци изнесуваше 112,5 милиони евра.
Втор најголем извоз во првите пет месеци е направен во зоната во Штип од 55 милиони евра, додека увозот на компаниите во оваа зона за истиот период изнесувал 46,5 милиони евра, при што нето извозот изнесува 8,5 милиони евра.
Трета е зоната во Кичево со вкупен извоз од 27 милиони евра за првите пет месеци, која во истиот период имала увоз од 20,2 милиони евра  и нето извоз од 6,8 милиони евра.
Зоната во Тетово во првите пер месеци годинава имала извоз од 21 милион евра, а нето извоз од 6,7 милиони евра.
Зоната во Прилеп во периодот јануари мај имала извоз од 19,45 милиони евра, додека ако се стави во контекст и увозот од 19,2 милиони евра, излегува дека имала нето извоз од 260 илјади евра.
Од зоната во Струмица во истиот период е направен извоз во вредност од 11,9 милиони евра и увоз од 8,2 милиони евра, односно нето извоз од 3,7 милиони евра.
Од зоната во Косел во првите пет месеци годинава е направен вкупен извоз од 8,4 милиони евра, а увозот направен во истиот период бил поголем од извозот и изнесувал 10 милиони евра.
Најмал извоз има зоната во Струга од каде во првите пет месеци годинава имало извоз во вредност од 3,1 милион евра, а увоз од 3,6 милиони евра, 500 илјади евра поголем од извозот.

Странските компании кои работат во слободните економски зони создаваат околу 40,6 % од извозот на Македонија.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×