Компаниите се уште не го користат доволно факторингот како финансиски инструмент
Објавено на од во Економија
Станува збор за финансиски инструмент со кој една компанија ги продава своите побарувања од купувачите на фактор фирмата, а потоа таа ги наплатува побарувањата од должниците.
faktoringСвеста кај домашните компании за користење на факторингот како финансиски инструмент е прилично мала и се уште постои отпор за негова примена. Овој инструмент е особено погоден за извозно – ориентираните компании бидејќи им овозможува да ги продадат нивните производи со одложено плаќање, а притоа ризикот на наплата да го преземе фактор фирмата.
Сузана Димовска-Тунтева од „Фактор траст“ ДООЕЛ Скопје вели дека нивната цел е да се зголеми свеста кај компаниите за користење на овој финансиски инструмент.
„Со помош на факторингот се овозможува преку продажбата на побарувањата на клиентите, компаниите да пристигнат побрзо до финансиски средства со што се зголемува нивната ликвидност“, појасни Димовска-Тунтева на денешната прес-конференција во Стопанската комора на Македонија.
Според неа, во последно време се зголемува интересот на компаниите за користењето на овој финансиски имструмент.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×