Компанијата “Агро Ели” со модерни и креативни пакувања ќе го освојува регионалниот пазар
Објавено на од во Компании

Велешката компанија која е препознатлива по производството на здрава и макробиотска храна  “Агро Ели”, оваа 2014 година ја заокружува  со целосно ребрендирање. Покрај промената на компаниското лого, беше направен и редизајн на пакувањата на целиот асортиман производи, на што во изминатите неколку месеци работеше стручен тим кој креираше нов и модерен изглед на амбалажите на над 50 производи од двете производни линии, ЕЛИ и Е-ВИТА, а кои наскоро ќе можат да се најдат на рафтовите во маркетите низ цела Македонија.

„Задоволството и грижата за потрошувачите е наш приоритет. Токму затоа главната цел на овој потфат беше да ги презентираме нашите производи во едно ново руво и квалитетот на пакувањето да соодветствува со квалитетот на она што е внатре. Исто така, сметаме дека модерниот дизајн ќе ни помогне многу полесно да ги освоиме регионалните пазари и да го зголемиме пазарниот удел во оние земји во кои веќе сме присутни“, изјави Гордана Лазова, директор на компанијата.

Како и до сега, голем дел од храната се произведува рачно и без употреба на адитиви, додатоци и шеќер. Во процесот на производство се користат исклучиво природни засладувачи како малтекс, интегрално брашно, 100% природни сокови, пченкарно масло, соја, интегрален сусам. Производите се наменетни и за возрасните и за децата, но исто така се препорачливи за конзумација од страна на болни лица и лица со посебни потреби и барања во исхраната.

Компанијата „Агро Ели“, постои 10 години, а богатиот асортиман производи, е поделен во две бренд линии, ЕЛИ и Е-ВИТА кои опфаќаат: разни видови интегрални грицки, колачи од смоква, бисквит и бадем, тестенини, разни видови џемови, домашно подготвени ајвар, лутеница и пинџур, повеќе врсти намази, тофу сирење, јогурт од соја, сеитан итн.

Мотото на компанијата е дека здравата, природна и урамнотежена исхрана е услов за добро здравје и виталност.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×