Компанијата „Алмеро“ донира душеци за Клиниката за инфективни болести
Објавено на од во Компании
На вчерашниот итен состанок со министерот за здравство Венко Филипче, компанијата „Алмеро“ одлучи да донира душеци за Универзитетската клиниката за инфективни болести во Скопје.
Almero_fotografija
Во време на криза и вонредна состојба во нашата земја, како резултат на светската епидемија со коронавирусот и болеста КОВИД-19, компанијата „Алмеро“ излегува во пресрет на потребите за дополнително опремување на Клиниката за инфективни болести во Скопје. Имено, по вчерашниот состанок со министерот за здравство  Венко Филипче, менаџментот на „Алмеро“ одлучи да донира свои душеци на клиниката.
„Алмеро“ е компанија која се грижи за луѓето и навистина ни е драго што во оваа ситуација можеме со нашите производи, со душеците, да помогнеме условите на клиниката да бидат што подобри и пациентите да лежат на нови и квалитетни душеци. Искрено се надеваме дека нема да има потреба од нив во оваа ситуација, дека бројот на заболени ќе биде што е можно помал, но во случај да треба – душеците ќе бидат таму, вели Адем Агиу, менаџер на „Алмеро.
Компанијата „Алмеро“ е основана во 2003 година и е единствената специјализирана фирма за производство на душеци во нашата земја. Во сите овие години „Алмеро“ е општествено одговорна компанија која со свои донации многупати има излезено во пресрет на потребите на граѓаните на С. Македонија и, секако, и во иднина стои на располагање доколку се јави потреба од тоа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×