Компанијата ИНТ Трејд номинирана за престижното признание „Креатори на векот“
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

image2Компанијата ИНТ Трејд Кочани е номинирана за престижната награда „Креатори на векот’, признание за придонес во развојот на претприемништвото во Централна и Југоисточна Европа.

Церемонијата и доделувањето на наградите ќе се одржи во Дубровник, Хрватска, следниот месец.

Паралелно со доделување на наградите, ќе се одржи и Регионален самит на претприемачи од Централна и Југоисточна Европа “300 најдобри”.

Номинациите за една од наградите „Креатори на векот“ е направено од страна на управните тела на организаторите на проектот Самит на претприемачи “300 најдобри” и “Креатори на векот”; организациски тела на Самитот (програмски, организациски и извршен комитет); голем број на претприемачи, локалните заедници, државните органи, невладини организации, медиумите и други институции во областа на Југоисточна Европа и посебна меѓународна комисија која ја врши постапката и ќе донесе конечна одлука за победниците.

До денес веќе организаторите имаат добиено повеќе од 320 предлози. Досега лауреати на оваа престижна награда од Македонија се Светозар Јаневски, претседател на Управниот одбор на Тиквеш, Живко Мукаетов, претседател на Управниот одбор на Алкалоид, Трајче Мукаетов (постхумно).

Инаку компанијата ИНТ Трејд од текстилната индустрија е основана пред 20 години, има над 100 вработени и се вбројува меѓу 200 најголеми и најуспешни компании во земјава. Нејзин основач е Никола Илијев, актуелен градоначалник на општина Кочани.

Во меѓувреме Македонија достави иницијатива да биде домаќин на вториот „Светски конгрес на претприемачи”. Министерката без ресор за странски инвестиции Зорица Апостолска добила задолжение да потпише протоколот за партнерство и соработка со Меѓународниот економски форум „Перспективи” од кој се очекува интензивирање на контакти за обезбедување странски инвестиции.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×