Компанијата Tesla на Елон Маск отвара истражувачки центар во Атина
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

TeslaAмериканската компанија за производство на електрични возила Tesla Inc., во сопственост на претприемачот и светски иноватор во полето за електрични автомобили Илон Маск, потврди дека ќе отвори канцеларија за истражување и развој во Атина, Грција.

Новата фирма на Tesla во Грција ќефункционира како центар за истражување и развој и ќе биде сместена во технолошкиот парк Лефкипос, во рамки на Националниот центар за научни истражувања Демокритос во Атина.
Портпаролот на компанијата Tesla потврди дека компанијата воспоставува локална канцеларија за истражување и развој во Атина за да ги искористи грчките “силни таленти за електромоторно инженерство и технички универзитети, нудејќи приспособени програми и специјализирани вештини за електромоторна технологија”.

Тесла Грција првично ќе вклучува мал тим специјализирани лица, кои ќе се фокусираат на развојот на технологијата на електромотор.
“Тесла гради мала канцеларија за истражување и развој во Атина, која ќе биде составена од високо квалификуван инженерски тим. Овој тим ќе се фокусира исклучиво на ограничени истражувачки и развојни активности за забрзување на развојот на технологијата на електромотор, преку тесна соработка со нашиот тим во САД “, се вели во соопоштението од американската компанија Tesla.
Првично, овој нов тим за истражување и развој, наводно, ќе се состои од само 10 инженери, a во иднина ќе расте.

Центарот Демокритос во понеделникот издаде соопштение во кое го поздравува доаѓањето на Тесла, изразувајќи “особено задоволство што глобалниот иновативен гигант го избра Демокритос како база за еден од нејзините врвни истражувачки одделенија, за дизајнирајње на електричните мотори. “Многу сме среќни што сите талентирани грчки инженери кои ќе се вратат да работат меѓу нас”, се вели во соопштението на Демокритос.

Тројца од главните дизајнери на Тесла, главниот дизајнер на мотори Константинос Ласкарис, инженерот за дизајн на мотор Константинос Бурхас и инженерот Василис Папаниколау, доаѓаат од Грција и дипломираа на Атинскиот политехнички факултет.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×