Комплицираните процедури и даночната несигурност најголем кочничар за развојот на градежниот сектор
Објавено на од во Економија

На првиот панел од 4-тата Регионална конференција на бизнис клубот Бизнис плус под иметo „Оживување на градежништвото како услов за економски раст“, Ирина Здравковиќ оd Бизнодеа ги објави резултатите од истражувањето од кое се гледа дека и покрај тоа што Хрватска и понатаму има најголеми приходи во градежниот сектор, во однос на остатокот од регионот, во оваа земја се тие веќе долги години во постојан пад, додека земјите со најмали приходи во овој сектор, Босна и Херцеговина, единствено бележи раст во приходите и единствена остварува добивка во секторот градежништво.

Со ова истражување не е опфатена Македонија која исто така во последните години бележи раст во градежниот сектор.
„Градежниот сектор е во нешто подобра состојба отколку во останатите држави од регионот. Градежништвото учествува со 7 отсто во БДП, а во Македонија се регистрирани повеќе од 4000 градежни фирми“, рече Сеад Кочан од Трансмет и додаде дека тој сектор во Македонија расте веќе 6-7 години и има можност да стане лидер на македонската економија.

Најголемата градежна работа е поврзувањето на коридорот 10 кај Гевгелија, во вредност од 300 милиони евра како и инвестициските работи кои воглавно се однесуваат на градешништвото. „Македонија гради технолошки развојни зони за сместување на странските инвеститори, со полна инфраструктура“, нагаси Кочан.

Србија по прашање на овој сектор може да се пофали со кратките рокови за издавање на дозволи за кои е потребно најмногу 28 дена, но состојбата не е лоша кога бизнисот е во прашање. „Најголем дел од фирмите имаат големи проблеми пред се поради неуспешната прифатизација и стечај, просечната плата е под 300 евра… Сивата економија, тоа е болка на српското градежништво оти се проценува дека 30 отсто од вработените во овој сектор работат на црно“, вели Александра Дамјановиќ, државен секретар во Министерството за градежништво, сообраќај и инфраструктура на Република Србија која нагласува дека власта мора да обезбеди добри закони кои мора да се применуваат.

Словенија сепак е во малку подобра состојба, вели Јанез Шкрабец, директор на Рико оти како што вели Словенија има подобар рејтинг на финансиските пазари и минатогодишното успешно користење на инвестициските фондови и донесе раст во градежниот сектор од 2,5 отсто. Тој нагласи и дека се работи воглавно за еколошки проекти.

„Комплицираните процедури се најголем кочничар за развој и надминување на проблемите во градежниот сектор“, нагласи Радмила Спасиќ од Delta Real Estate еден од најголемите инвеститори во регионот кој планира милионски проекти во Србија а во план имаат и изградба на хотел во Љубљана.

Светислав Костиќ, директор на Секторот за даночно советување во Deloitte Србија, вели дека не е пресудна висината на данокот, туку повеќе проблем е правната несигурност. „Тоа е проблем во целиот регион- нејасните даночни закони подложни на разни толкувања и потпирање на други законски прописи кои не ги пратат измените во даночните закони. Оваа неприлагоденост доведува до сериозни проблеми кај инвеститорите“, смета Костиќ кој додава дека за инвеститорите многу е важна сигурноста во даночните системи со цел веднаш да знаат што и колку мора да платат.

Кочан проблем гледа и во лезот на големите европски компании на нашите пазари оти тие се финансираат од странски фондови и на тој начин се во предност во однос на домашните компании.

“Владата мора да направи баланс. Свесни сме дека бевме дел од голема држава од 22 милиони луѓе и дека бевме конкурентни секаде. Со распадот сме раситнети па мораме да се адаптираме на многу помали пазари. Се почестите се иницијативите за регионална соработка и се јавува потреба за поврзување на градежните компании“, заклучува Кочан.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×