Кон Скопје се има долг, од Тирана се има страв
Објавено на од во Политика

ITALY MOGHERINIЕвропа фатена во тесно – како да се „протне“ пакетот?

Дипломатски извори за Капитал“ брифираат дека клучниот проблем за одлагање на формалниот почеток на преговорите до есен е практичната уцена од официјална Тирана. Во обидот да се фати чекор со Северна Македонија, Албанија не се двоуми на маса да го стави сеењето страв со етнички тензии во и онака чувствителниот регион. Со оглед на ригидниот став на многу земји членки, дека зеленото светло за нашата земја, никако не може да значи и зелено за Албанија, оти напредокот е неспоредлив, обидот на Берлин е да се даде уште малку време за државите да попуштат за албанските интеграции за „мир во куќа“

 

Нема потреба од нервоза – датум за преговори ќе има!
Оваа јасна порака од владејачката ЦДУ после средбата на канцеларката Ангела Меркел со премиерот Зоран Заев ја исцрта јасната подготвеност на Германија да го поддржи процесот на проширување и македонската интеграција, но истовремено значеше и јасна порака дека очекувањата за добивање на конечен датум летово паѓаат во вода.
Сепак, позицијата на Берлин – дека на есен нема да има дилеми внесе оптимизам. Македонскиот премиер којшто во последните денови јавно изразуваше силна загриженост поради неизвесноста околу датумот со стравови дека одлагањето може да влијае и врз регионалната стабилност поради засилените апетити на Русија и на Кина, после средбата со Меркел излезе со сосема нова евергија, убеден дека битката е добиена.
„На средбата канцеларката потенцираше дека Северна Македонија го испорача очекуваното и дека таа и Берлин на тоа гледаат многу позитивно. Драго ми е што денеска од високо почитувани и влијателни пратеници од Бундестагот и ЦДУ исто така беше потврдено токму тоа истото преку изјава. Од наша страна потврдивме дека Република Северна Македонија има целосна доверба во канцеларката Меркел и ја поддржува нејзината политика за процесот на проширување на ЕУ, како и нејзината политика кон Западен Балкан. Јас целосно и верувам на канцеларката Меркел.“ изјави Заев по средбата.
Од Кабинетот на Меркел ја оставија македонската Влада да ги соопшти деталите од средбата, но пратеникот на ЦДУ Јохан Вадефуп, во интеврју за Франкфуртер Алгемајне Цајтунг потврди дека Бундестагот во септември ќе поддржи почеток на преговори. Со сличен став излезе и министерот за Европа, Рот.
Германија на два ума
Понавачите велат дека ставот на Берлин останува клучен и покрај различните анализи за позицијата на Германија и во самата ЕУ и во однос на проширувањето. Поддршката од Меркел и тоа како е важна:
„За Германија интеграцијата е исклучително важна. Самата ЕУ како проект е исклучително важна од аспект на зајакнување на земјата и повторно враќање на лидерските позиции изгубени во војната. Можете да цените дали тоа Германија до одработи добро или не, но останува фактот дека Германија ќе продолжи да биде земјата лидер во ЕУ’ вели за Капитал, Томас Клеин – Брокоф, од Маршал Фондот, Берлин.
Дипломатски извори за „Капитал“ брифираат дека клучниот проблем за германскиот став за одлагање на формалниот почеток на преговорите до есен е практичната уцена од официјална Тирана. Во обидот да се фати чекор со Северна Македонија, Албанија не се двоуми на маса да го стави сеењето страв со етнички тензии во и онака чувствителниот регион. Со оглед на ригидниот став на многу земји членки, дека зеленото светло за нашата земја, никако не може да значи и зелено за Албанија, оти напредокот е неспоредлив, обидот на Берлин е да се даде уште малку време за државите да попуштат за албанските интеграции.
Ден пред средбата на Заев и Меркел токму ова се покажа и во вестите кои стигнаа од Холандија, една од земјите скептици. Холандските пратеници ги отфрлија двете резулуции од Социјалистичката партија и Партијата на слободата кои бараа да не се поддржи почетокот на преговори со блокира Македонијам испраќајќи јасен став дека преговорите треба да почнат.
За разлика од македонскиот случај, за Албанија холандските пратеници кажаа категорично не – со забелешка дека Тирана нема напредок на полето на борбата со корупција и криминал, со што веќе се исцртуваат и контурите на одлуките што може да се очекуваат на есен – Албанија да биде изоставена од „пакетот“, верзија што ја плаши Германија.
Во мрежата на геополитиката
За геополитичките интереси на земјите членки на Европската Унија разговаравме и со експертите.
Генералното расположение е земјава да добие датум за преговори, смета Марко Трошановски, претседател на Институтот за демократија, но, поместувањето, според него, е резултат повеќе на разликите во ставовите на Европската Комисија и на Европскиот совет отколку на домашната политика.
„Доколку генералната европска политика е стабилност на регионот, Унијата мора да го покаже тоа на дело преку давање зелено светло за почеток на преговорите со земјава. Во спротивно ризикува за сопствениот кредибилитет и за иднината на целиот Западен Балкан чии граѓани гледаат најмногу низ призмата на членството како можност за напредок. Доколку се изгуби таа желбата, политичките елити ќе станат покомотни и ќе почнат да отстапуваат од добрите практики на владеење на правото само за достигнување на идеалите на Унијата. Тоа ќе го уназади целиот регион“ смета Трошаноски.
И аналитичарот од Босна и Херцеговина, Аднан Черимагиќ, од Европската иницијатива за стабилност е согласен дека одложувањето на датумот за преговори нема да биде на штета на земјава или на европското расположението во регионот колку што ќе биде на товар на самата Унија. Решавањето на билатералните спорови со соседите, но и домашните прашања, треба да бидат признаени од Унијата, вели Черимагиќ. Во спротивно, доколку отстапките кои ги направи нашата земја за постигнување на Преспанскиот договор не бидат наградени со датум, тоа ќе влијае негативно на решавањето на спорот помеѓу Белград и Приштина.
„Има прилика да прати една силна порака дека кога се случуваат позитивни промени на Западен Балкан, кога земјите го следат тоа што Европската Унија го очекува од нив, дека тогаш ќе дојде и наградата. Така што мислам дека најголемото негативно влијание ќе биде врз самата Европска Унија, а понатаму и на нејзиното влијание во регионот. Она на што сите се надеваме, сите ние кои го следиме процесот Западен Балкан, е тоа дека без оглед на се, сметам дека ќе биде одлична можност за владата во Скопје да покаже дека без оглед на одолговлекувањето ќе продолжи на тој курс бидејќи на крајот, не само поради Европската Унија и можноста за напредок кон Европската Унија туку и поради желбата да се подобри секојдневниот живот на граѓаните на оваа држава“ вели тој.
Европската Унија во моментов се соочува со повеќе предизвици истовремено Брегзит, односите со Кина и бројни внатрешни и надворешни прашања. Доколку таа сака да го задржи влијанието во регионот ќе мора да даде нов импулс и да покаже поенергичен пристап кон проширувањето како политика, смета Черимагиќ.
„Она што јас очекувам од Комисијата и што би требало да го направи доколку сака ЕУ да има влијание овде тоа е да ја зголеми понудата за земјите од Западен Балкан затоа што самото очекување на почеток на преговори и можното отворање на поглавјата не е веќе доволно како поттик за земјите да се реформираат и да се движат во вистински правец. Потребно е да се размислува за повеќе финансиски средства кои би се пласирале на поквалитетен начин во земјите на Западен Балкан, но во друга насока во смисла отворање на заеднички пазар за земјите кои ќе се прилагодат на стандардот или да се поддржи формирањето на т.н „балканска шенген зона“ за и меѓу нашите земји да може да се патува без пасоши и без контрола“ додава Черимагиќ.
Институтот за демократија и Европска иницијатива за стабилност се дел од првата мрежа на граѓански организации од Југоисточна Европа со задача да го набљудуваат Берлинскиот процес и да креираат препораки за политики за темите кои произлегуваат од него.

 


VI-EN-ART-19118-bandieraUEГраѓаните (сè уште) се европтимисти

Пролонгирањето на датумот за преговори со Европската Унија од јули за септември, не би требало да предизвика поголем бран на евроскептицизам во земјава, се додека процесот е извесно дека ќе почне годинава. Засега, барем според последните истражувања на јавното мислење, поддршката за евроинтеграциите на земјава е голема и не се намалува.
Најновата анкета на Центарот за европски стратегии, Евротинк, ја потврдува наклонетоста на граѓаните кон Европската Унија.
На прашањето колку граѓаните сметаат дека членството во ЕУ би било добра работа за земјата, дури две третини одговориле позитивно, 19% дале спротивен одговор, односно не се согласуваат дека членството е добро, додека останатите 15% одговориле со „не знам, ниту се согласувам, ниту не се согласувам“.
На прашањето кој модел за развој на земјата го преферираат граѓаните, исто така, најголем дел, односно 60,1% од испитаниците одговориле дека Европската Унија е најдобра алтернатива за Северна Македонија. Секој трет смета дека земјата треба да има сопствен модел на развој надвор од ЕУ, додека останатите 8% од граѓаните одговориле со не знам, ниту едно од наведените или пак и двете.
Кога ги прашале граѓаните како би гласале на референдум за влез на земјата во ЕУ, високи 71% одговориле дека би гласале „за“ наспроти 15% „против“, 6% не би излегле да гласаат, додека останатите 6% рекле дека не знаат или одбиле да одговорат на прашањето.
Од резултатите од анкетата може да се заклучи дека на граѓаните најтешко им било прашањето кога Северна Македонија може да очекува влез во Унијата, на кое најголем дел рекле „не знам“. Околу 30%, со што оваа група на граѓани се и најголеми оптимисти, мислат дека земјата ќе стане дел од европското семејство за пет години. Но над 20% со одговор во спротивна крајност од оптимистите, односно дека членството во ЕУ нема никогаш да се оствари. Околу 8% одговориле дека тоа е можно за пет до десет години, додека останатите, оние со најпесимистички проценки сметаат дека земјата може да стане членка на ЕУ по десет години па и повеќе.
На прашањето како граѓаните го оценуваат односот на ЕУ кон Северна Македонија, речиси половина, односно 45% рекле дека е фер и пријателски, 29% пак сметаа дека е нефер, уценувачки и надмен, а 22% сметаат дека е одговорот е некаде помеѓу двете оценки.

 

 

 

 

 


Почитувани за да продолжите со читањето треба да бидете претплатник

Доколку сте претплатник на kapital.mk, само логирајте се.

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×