Конечни резултати, ДИК: СДСМ – 46, ВМРО ДПМНЕ – 44, ДУИ – 15 пратеници
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА
Конечни неофицијални резултати според ДИК: коалицијата  предводена од СДСМ освои 46 пратенички места, а коалицијата предводена од ВМРО – ДПМНЕ 44. Следат ДУИ со 15, Алијанса со 12, Левица со 2 и ДПА со еден пратеник во новиот македонски парламент. 

 

ДИК
Претседателот на Државната изборна комисија Oливер Деркоски ги соопшти конечните неофицијални резултати од вчерашното гласање на парламентарните избори. Коалицијата Можеме е победник на изборите со освоени 46 мандати пред Коалицијата ВМРО ДПМНЕ со 44 мандати. Следат ДУИ со 15 и Алијанса на Албанците и Алтернатива со 12 мандати. Левица освоила 2 пратеници, и ДПА еден пратеник.
Коалицијата Можеме освоила 327.329 гласови.
Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ 315.344 гласови.
ДУИ: 104.587 гласови.
Алијанса на Албанците и Алтернатива 81.297 гласови
Левица: 37.551 гласови
ДПА: 13.891 гласови
Мандати по изборни единици:
ИЕ1: Коалиција „Можеме“ 8, Коалиција ВМРО-ДПМНЕ 7, ДУИ 2, Алијанса на Албанците и Алтернатива 2 и Левица 1 мандат.
ИЕ2: Коалиција ВМРО-ДПМНЕ 7, Коалиција „Можеме“ 7 ДУИ 3, Алијанса за Албанците и Алтернатива 3 мандати
ИЕ3: Коалиција ВМРО-ДПМНЕ 10, Коалиција „Можеме“ 9 и Левица 1 мандат.
ИЕ4: Коалиција „Можеме“ 10 и Коалиција ВМРО-ДПМНЕ 10 мандати
ИЕ5: Коалиција „Можеме“ 8, Коалиција ВМРО-ДПМНЕ 8, ДУИ 3 и Алијанса на Албанците и Алтернатива 1 мандат
ИЕ6: ДУИ 7, Алијанса на Албанците и Алтернатива 6, Коалиција „Можеме“ 4, Коалиција ВМРО-ДПМНЕ 2 и ДПА 1 мандат.
Претседателот на ДИК Деркоски, извести дека течат двата рокови за приговори после овие резултати.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×