Конечно тргна – БДП порасна за 3,2% во вториот квартал
Објавено на од во Економија

ИзвозДржавниот завод за статистика објави дека бруто домашниот производ (БДП) или вредноста на сите произведени производи услуги на Македонија бележи раст од 3,1%.

Најголем раст од 13,9% има во секторите Уметност, забава и рекреација, дејности на домаќинствата како работодавачи. Втор најголем раст од 12,1% има кај трговијата на големи и мало, транспорт и складирање и сервисни дејности со храна. Растот на БДП во преработувачката индустрија е 5,8%, во стручните, научни и технички дејности има раст од 4,5%, додека во рударството и вадење камен растот на БДП во вториот квартал изнесува 4,4%.
Градежништвото и понатаму продолжува да паѓа. Статистиката покажува дека БДП во градежништвото бележи пад од 12,9%. Во секторот информации и комуникации има пад од 9,5%, додека падот во финансиските дејности и осигурувањето во вториот квартал изнесува 1,8% во споредба со истиот период лани.
Финалната потрошувачка на домаќинствата, која во структурата на БДП учествува со 69,6%, во вториот кварталбележи номинален раст од 3,2%.

Во истиот период, извозот на стоки и на услуги номинално се зголеми за 13%, а увозот на стоки и на услуги забележа зголемување во номинален износ од 6,6%.

БДП во првиот квартал годинава имаше раст од 0,1%, додека растот на економијата во 2017 година беше 0%.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×