Конференција „Кој тоа таму управува?“
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА
Настанот во Скопје е дел од проектот „Кон добро управување во државните претпријатија и независните тела” (Improved good governance of state owned enterprises and independent state bodies) – финансиран од Обединетото Кралство преку Владата на Обединетото Кралство.
IDSCS_logo_ENGВо организација на Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ (ИДСЦ) – Скопје денеска ќе се одржи конференција на која тема ќе биде начинот на кој се избираат управувачките структури и процедурите со кои што се управуваат јавните претпријатија, државните претпријатија и независните тела.
На конференцијата ќе се презентираат наодите од истражувањата како и препораките за подобрување на правната и инстуционалната поставеност кога се работи за назначувањата на управувачките структури.
Деталните наоди од досегашните истражувања, според ИДСЦ, откриваат дека овие организации поради недостатокот на процедури оставаат простор за коруптивни и клинетелистички влијанија. На конференцијата ќе бидат презентирани и препораки за подобрување на состојбата.
„Истражувањата на правните процедури кои ги уредуваат процесите на избор и назначување на членовите на управувачките органи на овие организации укажуваат на недостаток на критериуми и транспарентност кои ќе гарантираат избор на најквалификувани лица за дејностите кои ги извршуваат институциите. Истражувањето на биографиите на лицата кои се назначени за членови во управните и надзорните одбори укажуваат на недоволно искуство и образование за областите во кои работат организациите кои ги управуваат. Се забележува и значителна родова нееднаквост во застапеноста во управувачките структури“, наведуваат од Институтот за демократија.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×