Конференција на „Економист“: Договорот од Преспа една од темите
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА
За Договорот од Преспа, предизвиците за Балканот, но и за иднината на билатералните односи меѓу Северна Македонија и Грција, меѓу другото дискутираа учесниците на панелот посветен на регион во рамките на конференцијата на „Економист“, односно „23та тркалезна маса со грчката Влада“.
економист атинаНа утринската сесија од вториот ден на „Економист“, Министерот за надворешни работи на Северна Македонија, Никола Димитров, заедно со алтернативниот министер за надворешни работи на Грција, задолжен за европски прашања, Милтиадис Варвициотис, шефот на кипарската дипломатија, Никос Христодулидис, поранешниот министер за надворешни работи на Грција, Јоргос Катругалос, амбасадорот на САД во Грција, Џефри Пајат, актуелниот министер за одбрана на Грција, Никос Панајотопулос и неговиот претходник, Евангелос Апостолакис, во нивната дискусија се задржаа на регионот и стабилноста на Балканот.
Министерот Димитров во неговото обраќање, за да ја долови ситуацијата во односите меѓу двете соседни земји, рече дека сега се искачивме на врв од планина, зад нас оставаме студенило, зима и темнина, а пред нас гледаме пролет, зеленило и светлина. Истакна дека „треба да бидеме горди на тоа дека овој пат добрите вести доаѓаат од Балканот“, порачувајќи дека „не можеме да ја смениме географијата или историјата, но можеме да изградиме иднина“, преку градење меѓусебна доверба и разбирање на другиот.
Во однос на очекувањата од новата грчка Влада, Димитров рече дека треба да се продолжи да се работи во иста насока, а Договорот од Преспа е договор, потпишан и ратификуван меѓу две земји и е дел од меѓународна право.
„Мислам дека треба да продолжиме да работиме во иста насока и со новата Влада. Штом мојот колега Дендиас беше одбран јас бев во Словачка, му се јавив и му честитав. Ќе се сретневме, но мораше да оди во САД. Мислам дека ќе има поле на можност за да се изгради доверба“, рече Димитров.
Алтернативниот министер за надворешни работи на Грција, Милтиадис Варвициотис, во неговото обраќање на панел-дискусијата изрази надеж дека ќе постои простор во иднина договорот да се направи „покорисен за двете страни во следните месеци и години преку пристапниот процес во ЕУ на северниот сосед“.
Варвициотис објасни дека Нова демократија „се бореше против потпишувањето и ратификацијата на договорот“, бидејќи сметала дека не ги исполни потребите и очекувањата на грчката страна, а спомена и дека тие ќе работат на заштита на трговските ознаки и имиња.
Амбасадорот на САД во Атина, Џефри Пајат рече дека „Грција е столб на стабилноста во тежок регион и ги дели клучните стратешки цели на САД од Западен Балкан со Блискиот исток.
Алтернативниот министер за надворешни работи, Милитиадис Варвициотис, поранешниот шеф на дипломатијата, Јоргос Катругалос и министерот за одбрана Никос Панајотопулос порано си заминаа од панел дискусијата бидејќи во грчкиот Парламент, требаше да положат свечена заклетва, заедно со останатите новоизбрани пратеници.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×