Денеска започнува конференцијата на МАСИТ – „ИКТ во Агробизнис“
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

МАСИТ – ИКТ Стопанската комора по тринаесетти пат организира  конференција на која ќе се соберат претставници од информатички и комуникациски технологии (ИКТ) и агробизнис индустријата и ќе дебатираат на тема „ИКТ во Агробизнис”. Конференцијата ќе биде отворена утрово во девет часот во хотелот Александар Палас и ќе трае два дена.

biznis.jpg-500

Конференцијата има за цел да се соберат сите чинители од информатичките и комуникациските технологии и агробизнис индустријата, да се претстават трендовите во двете гранки, да се идентификуваат можностите за соработка, размена на искуства и најдобри практики, како и да се олесни и поттикне меѓусебната соработка.

Ќе биде организирана и Б2Б сесија каде компаниите од агробизнис и ИТ индустријата ќе имаат можност дирекно да се запознаат и да дискутираат за нивните потреби/решенија, со цел да ја олеснат и поттикнат меѓусебната соработка. Дополнително, во рамки на вториот ден од конференцијата, ќе биде организирана и панел дискусија на жени – претприемачки, како и жени на водечка позиција во нивните организации во агробизнис и ИКТ индустријата во Македонија, кои ќе ја претстават нивната улога и предизвиците со кои се соочуваат во секојдневното работење.

Конференцијата, исто така, се очекува да помогне во припрема на македонската бизнис заедница за учество на фондовите на Европска Комисија Хоризонт2020, КОСМЕ, ИПА, БалканМед кои се повеќе акцент ставаат на финансирање на проекти за развој на вертикални индустрии преку  имплементација на ИКТ решенија.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×