Конфликт во Заливот ќе ја дигне цената на нафтата на историски 325 долари за барел
Објавено на од во Економија
Можноста Иран да се обиде да го затвори Ормузкиот теснец за танкери значително се зголеми во последните месеци на позадината на ризикот од воените тензии во Персискиот залив особено откако Исламската Република симна американски дрон на 20 јуни.
буреВрз основа на студијата од април 2018 година со седиште во Ријад Petroleum Studies and Research Center при затворање на теснецот и недостаток на алтернативи за снабдување, цените би се зголемиле до 325 долари за барел. Ова ќе биде највисока вредност од пикот на либиската криза во јуни 2011 година.
Во својата анализа за специјализираниот портал OilPrice за такво сценарио предупредува Винсент Лаерман кој е претседател на консултантската фирма Geopolitics Central специјализирана за енергетскиот сектор.
“Оваа акција (соборувањето на дронот) дава тежина на заканите на Техеран дека ќе нанесе тежок удар на американските сојузници во регионот, ако биде нападнат од САД, и нема да дозволи на овие земји да извезуваат нафта, ако Иран не може да го стори истото “, објаснува тој.
Според Лаерман има три сценарија на развој на ситуацијата при евентуално затворање на Ормузкиот теснец, како овој на рекордниот скок на цените над 300 долари за барел.
“Ефектот од затворањето на протокот врз цените на нафтата очигледно зависи од обемот на нафтата, кој нема да може да биде пуштен на пазарот, како и од времетраењето на оваа ситуација”, вели експертот.
Винсент Лаерман наведува дека оптимистичко сценарио предвидува затворање на Ормузкиот теснец само за неколку дена, што би имало релативно мал негативен ефект врз светските резерви. Сепак, цените може да се зголемат над 100 долари за барел како резултат на првичната безбедност. По првичниот раст, нафтата повторно ќе падне.
“Приливот на 20,7 милиони барели сурова нафта и нафтени производи ќе биде ограничен при целосното затворање на теснецот”, посочува тој, но додава дека тоа ќе биде компензирано од близу 4 милиони барели нафта дневно, која се транспортира во моментов во резервните нафтоводи на Саудиска Арабија во објекти крај Црвеното Море, како и гасоводот Абу Даби што го опкружува Хрумскиот теснец.
“Во прилог Саудиска Арабија чува, иако во релативно мал обем, сурова нафта во различни складови во светот, вклучително и во Ротердам во Европа, во Окинава и во Кина во Азија, како и во САД”, објаснува експертот.
Според песимистичкото сценарио, нафтениот пазар ќе ги претрпи најлошите последици во првите два месеци од кризата. Се претпоставува дека теснецот може да остане целосно затворен во првите 45 дена, а во следните 45 дена постепено ќе се отвора. Ова ќе доведе до историски скок на цените на нафтата до 325 долари за барел.
“Конечно, најстрашната сценарио предвидува производството и нафтената инфраструктура во Персискиот залив да бидат сериозно погодени паралелно со затворање на Ормузкиот теснец за период од три месеци. Тогаш цените ќе се зголемуваат до стратосферата. Тие нема да тргнат надолу, додека светската економија не западне во длабока рецесија “, вели Лаерман.
Според неговите зборови, ако фабриката Abqaiq на Saudi Aramco биде директно засегната, тоа ќе го лиши светскиот пазар од 7 милиони барели дневно за година или повеќе.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×