Констанинос Даскалакис, Фени Индустри: Кратиме трошоци и инвестираме  за да останеме конкурентни
Објавено на од во Прогнози 2015

Генералниот извршен директор на кавадаречката фабрика за фероникел  вели дека годинава ќе биде неизвесна во поглед на светските цени на металите, а компанијата продолжува со борбата за поголема конкурентност


-Какви се вашите очекувања за годинава во поглед на индустријата во која работи Фени?

Основите на пазарот на никел за годинава се добри, меѓутоа никелот е тесно поврзан со глобалната економија која во изминатите месеци е прилично проблематична. Имено, растот на Кина забавува, Русија е блиску до колапс, според економските резултати Европа е поделена во северен и јужен блок, единствено САД се стабилни и се движат во позитивна насока, после подолг период на стагнација. При една таква глобална економска состојба на несигурност, тешко може да се даде прогноза за цената на никелот. Можно е да има повисоки цени бидејќи повеќето производители на никел со моменталната цена прават загуби, што е неодржливо на долг рок.

-Какви се плановите на компанијата во однос на инвестиции?

Во врска со нашите планови и инвестиции за 2015 година, ова е тесно поврзано со кратењето на трошоците односно нашето опстојување на долг рок. Ние дури и во време на криза ние не престанавме со инвестиции токму со цел да постигнеме производен трошок на едно глобално одржливо ниво. Вкупниот инвестициски реализиран буџет се движи меѓу 12 и 15 милиони долари, сличен инвестициски буџет е предвиден и за следната година. Покрај овие инвестиции ќе ги споменам и оние на ниво на групација, кој всушност се од исклучителна важност за ФЕНИ а, тоа се инвестициите во рудни ресурси, поточно сопствени рудници во Централна Америка.

-Кои ќе бидат најголемите предизвици за Фени во 2015-та?

Поради глобалните состојби, мораме да продолжиме во насока на кратење на трошоците, зашто пред сé, ФЕНИ не се натпреварува на локално ниво туку со меѓународни производители и оттука мора да бидеме подобри од другите производители или во најмала рака како нив, за да останеме во игра.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×