Собранието ги констатираше оставките на Гордана Јанкуловска и Миле Јанакиевски што значи дека од овој момент тие не се веќе вршители на функциите министер за внатрешни работи односно министер за транспорт и врски.
Во продолжение на истата седница се очекува да бидат предложени, прифатени и поставени на функција нивните наследници Митко Чавков (како нов министер за внатрешни работи) и Владо Мисајловски (како нов министер за транспорт и врски).
На седницата веќе се присутни премиерот Никола Груевски, вицепремиерот Владимир Пешевски, министрите Зоран Ставрески, Зоран Јолевски, Диме Спасов. Во салата покрај пратениците на владеачките ВМРО ДПМНЕ и ДУИ присутни се и пратениците на ДПА како и пратеничката Лилјана Поповска која неодамна ја напушти владеачката коалиција.