Конститутивната седница продолжува – со перспектива да потрае
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Собранието во 12 часот ќе ја продолжи конститутивната седница за составување на Комисијата за избори и именувања и за избор на претседател на Парламентот.

На вчерашното продолжение на седницата (која почна и беше прекината на 30 декември) за дискусија се јавија сите пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, без претседателот на партијата, Никола Груевски, (вкупно 50 пријавени за збор од ВМРО-ДПМНЕ) кој е на Малта, на конгрес на Европската народна партија.

Од СДСМ обвинија дека „ВМРО-ДПМНЕ прави сѐ за да ја одолговлечи работата на собраниската седница“, и, за да не дозволат „понатамошно блокирање на работата на Собранието“, поднесоа барање од 20 пратеници со предлог за избор на претседател на Собранието, со што, како што велат, работата на Комисијата за избори и именување станала беспредметна по оваа точка.

Предлогот на СДСМ за претседател на Собранието е пратеникот на ДУИ, Талат Џафери.

Од ВМРО-ДПМНЕ одговорија дека „тој гест на пратениците од СДСМ не ја исклучува можноста други 20 пратеници да предложат друг кандидат (за претседател на Собранието, н.з.), или други два пати по 20 пратеници, или трети три пати по 20 пратеници, да предложат нови кандидати. Ниту пак ја исклучува можноста и правото гарантирано со Деловникот и Комисијата да излезе со свој кандидат“.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×