Концесијата за Иловица ќе биде одземена?
Објавено на од во Економија
Одлуката за одземање на концесијата за рудникот Иловица е практично донесена, бидејќи се стекнати формално-правно условите за раскинување на договорот со концесионерот „Еуромакс Рисорсис“, брифираат извори од владата за Мета
protest-ilovica-2Ова практично значи дека, по истекот на седумте дена, дадени на денешната владина седница на Министерството за економија за „да ја испита правната исполнетост на барањето за добивање дозвола за  експлоатација на минерална суровина – бакар и злато“, на „Еуромакс Рисорсис“, на локалитетот Иловица, општина Босилово и општина Ново Село, Министерството ќе го одбие барањето на концесионерот.
Со оглед на тоа дека концесијата за рудникот Иловица е истечена уште пред три години, на што постојано укажуваа и еко-активистите и претставниците на локалното население кое веќе подолго време се спротиставува на отворањето на рудникот, извесно е дека одлуката на Министерството за економија ќе биде во полза на барањата да не се отвори рудникот за бакар Иловица.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×