Координацијата за свикување на Собранието ќе продолжи утре
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Наместо денеска по 15.30 часот, како што претходно беше најавено, прекинатата координација на претставниците на парламентарните групи ќе продолжи утре напладне. На координацијата партиите се договараат за Комисијата за избори и именувања, од која зависи изборот на претседател на Собранието. Откако ќе се договорат, ќе биде закажано и продолжението на конститутивната седница.

Од собраниските служби информираат дека претставниците на парламентарните групи сѐ уште не постигнале договор за претседателот на Комисијата за избори и именувања. Денеска е договорено во Комисијата ВМРО-ДПМНЕ да има шест члена, СДСМ пет, а ДУИ и БЕСА по еден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×