„Копањето“ криптовалути е сѐ поголем енергетски проблем за помалите градови
Објавено на од во hi-tech & business

Местата што се блиску до обновливи извори на енергија, како Исланд, каде струјата е поевтина и климата студена, имаат голем број „мајнери“ на криптовалути.

Слично е и во американската сојузна држава Њујорк, каде во неколку градови има хидроцентрали што ја намалуваат цената на електричната енергија за домаќинствата и за индустријата, што предизвика и отворање големи погони за „копање“ криптовалути.

Но, ова добива толкава размери што струјата што се троши за „мајнинг“ не може да биде надоместена од локалните извори.

Поради тоа градовите се принудени да купуваат струја од други локации, секако по повисоки цени, поради што и цените за крајните потрошувачи пораснале за 100 до 200 долари годишно.

Поради ваквата ситуација, градот Платсбургна почетокот на месецов воведе мораториум на комерцијалното „копање“ криптовалути во траење од 18 месеци. Во овој период градот ќе се обиде, во соработка со компаниите и граѓаните, да најде решение за овој енергетски проблем.

Отприлика истовремено државата Њујорк донесе уредба според која локалните електроенергетски компании смеат на погоните за „мајнинг“ да им наплатуваат струја поскапо отколку на останатите, за да се спречи зголемувањето на цената не електричната енергија за домаќинствата.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×