Копаоник бизнис форум
Објавено на од во НАВИГАТОР


Kopaonik 1ЕДЕН РЕГИОН, ЕДНА ЕКОНОМИЈА

Фокусот на политиките во регионот треба да бидат насочени кон паролата „Еден регион, една економија“, која во себе ги опфаќа трите главни столба: единствен инвестициски простор, единствен пазар на труд и единствена развојна ИКТ операбилност, беше истакнато на Форумот.
Во рамките на Копаоник бизнис форумот, претседателите на коморите од Регионот на Западен Балкан првиот ден дебатираа за „ Реформска програма на регионалните инвестиции: еден регион, една економија?“.

 

Генералниот секретар на Регионалниот совет за соработка (РСС), г-дин Горан Свилановиќ, како модератор на панелот  истакна дека РСС како ЕУ иницијатива е во директен контакт со ЕУ и работи на  регионална економска интеграција на Западен Балкан.

„Од десетгодишното имплементирање на ЦЕФТА договорот, каде во  фокусот беше либерализација на трговските стоки, сега е време да се насочиме кон исполнување на Протоколите 5 и 6 кои се однесуваат на потполна либерализација на услугите“, истакна генералниот секретар на Регионалниот совет за соработка (РСС), Горан Свилановиќ.

Фокусот на политиките во регионот треба да бидат насочени кон паролата „Еден регион, една економија“, која во себе ги опфаќа трите главни столба: единствен инвестициски простор, единствен пазар на труд и единствена развојна ИКТ операбилност.

На бизнис форумот во Копаоник учествуваше и претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески

„За сите овие активности имаме поддршка од бизнис-заедницата којашто го зборува јазикот кој е разбирлив во целиот регион, за разлика од политичките елити“,истакна Азески.
„Пример за ова е ситуацијата во македонската економија, иако се соочуваме со криза во последните две години, економијата ја покажа својата еластичност, и успеа да се справи со предизвиците и да продуцира економски раст“, изјави Азески.
Општ е впечатокот дека зголеменото ниво на странски инвестиции во регионот е од суштествено значење за економскиот развој на целокупниот регион.

Македонија беше истакната како добар пример и за привлекување на странски инвестиции во земјата. “Но, слободно може да кажеме дека инвестиции има повеќе видови. Странски инвестиции, кои ги очекуваме и за кои ветуваме многу поволности; странски инвестиции кои се тука и кои укажуваат на одредени разочарувања произлезени од начинот на којшто функционираме  и домашни инвестиции, кои се тука и укажуваат на инвестиции кои не ги поттикнуваме. Сепак, странците што се одлучија да инвестираат, привлечени од поволностите, ни даваат до знаење дека постојат фелери во нашиот систем кои тие не можат да ги разберат.Од моментот  на изнесување на идејата за формирање на индустриски зони во земјава и за агресивно привлекување на странски директни инвестиции, што е директно поврзано и со создавањето на  пријателска бизнис клима, домашната бизнис- заедница се чувствува малку запоставена”, изјави Азески.

На форумот учествуваше и српскиот премиер Александар Вучиќ, кој во својот настап најави намалување на даноците на добивка.

“Еден од најголемите проблеми на Србија е недоволниот број на вработени во приватниот сектор, кои ги издржуваат сите останати, а причината за тоа е во недоволно развиениот претприемачки дух и недоволно добри проекти и дека најважна задача на владите мора да биде да обезбедат услови за развој на приватниот бизнис, со цел тој да биде конкурентен и да вработува повеќе луѓе”, изјави Вучиќ, кој потенцираше дека и покрај тоа што сите ја обвинуваат државата, истражувањата покажуваат дека 70% од младите во Србија сакаат да работат за државата.

Вучиќ најави дека очекува поголем прилив на странски инвестиции во Србија и регионот но, дека за тоа е потребна и поголема политичка стабилност во регионот.

“Потребна ни е на само внатрешна политичка стабилност, туку и стабилност во регионот и ќе дадеме се од себе за тоа да биде обезбедено”, изјави Вучиќ.

Копаоник бизнис-форум, кој уште се нарекува и српски Давос,  е најважниот настан од ваков вид во регионот, кој традиционално секоја година го организира Сојузот на економисти на Србија и Здружението на корпоративни директори на земјата. На форумот учествуваат над 1000 учесници, претставници на бизнисот, политиката и науката од земјата, регионот и светот.

 

 

 

 


Почитувани за да продолжите со читањето треба да бидете претплатник

Доколку сте претплатник на kapital.mk, само логирајте се.

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×