Корона кризата ја врати просечната плата од пред шест месеци
Објавено на од во луѓе и компании

celik_5Пазарот на труд погоден од кризата

Просечната плата во април годинава е еднаква на онаа што била исплатена во октомври лани. Државниот завод за статистика објави дека државниот просек на нето платите во април изнесувал 25.830 денари, и споредено со месецот претходно, реалната нето плата во екот на кризата се намалила за 2,4%. Ако споредиме пак со февруари, до кога нето платите континуирано се зголемуваа, априлските се пониски за 5%. Споредбата месец за месец која покажува колку ударот од пандемијата и сите пропратни мерки за запирање на неговото ширење се одразиле врз економијата и ги скратиле платите, покажува негативни разлики во поголем дел од секторите. За разлика од истиот месец лани, пак, просечната нето плата има пораст од 4,3%. Но, освен намалувањето на платите како една од последиците од економската, последните три месеци колку што трае пандемијата досега забележан е и зголемен број на невработени луѓе. Статистиката на Агенцијата за вработување покажува дека во мај, како баратели на работа се пријавиле 5.560 граѓани повеќе од претходно. Во април, оваа бројка беше уште поголема и достигна 6.737 граѓани, додека пак во март, бројот на невработени се зголеми за 1.564 луѓе. Вкупно, произлегува дека за овие три месеци на пазарот на труд се појавиле 13.861 нови невработени граѓани.
Просечната плата во април годинава е еднаква на онаа што била исплатена во октомври лани. Државниот завод за статистика објави дека државниот просек на нето платите во април изнесувал 25.830 денари, и споредено со месецот претходно, реалната нето плата во екот на кризата се намалила за 2,4%. Ако споредиме пак со февруари, до кога нето платите континуирано се зголемуваа, априлските се пониски за 5%.
За разлика од истиот месец лани, пак, просечната нето плата има пораст од 4,3%.
Споредбата месец за месец која покажува колку ударот од пандемијата и сите пропратни мерки за запирање на неговото ширење се одразиле врз економијата и ги скратиле платите, покажува негативни разлики во поголем дел од секторите.
Ретки се оние дејности каде има зголемување на месечните примања на работниците.
Најголем пад на платите во април споредено со март годинава е евидентиран кај производството на моторни возила, приколки и полуприколки, каде вработените добиле пониски примања за дури 22,5%. Сега изнесуваат 17.895 денари.
Потоа, за 20,1% се намалени просечните плати кај две дејности. Прво кај дејноста маркетинг, односно реклама и пропаганда, како и истражување на пазарот. Каде што со намалувањето, платите во оваа дејност изнесуваат 29.679 денари, откако претходно изнесувале над 33 илјади денари.
Другата дејност, пак, каде што исто така има пад од 20,1%, е филмската дејност, продукцијата на видео и телевизиска програма, дејности на снимање звучни записи и музичко издаваштво, па со ова намалување нивната плата сега е на ниво од 18.640 денари.
Сосема очекувано, кризата ја погоди туристичката дејност, па таму е регистриран пад на платите за 19,5%. Платите во овој сектор со намалувањето се доближуваат до нивото на минималната плата во земјава, односно во април изнесувале 15.102 денари.
Големо намалување на платите од 17,1% е забележано и во дејноста телекомуникации на 40.687 денари, откако претходно била над 43 илјади денари.
Намалување од 11,2% има кај дејноста преработка на дрво и производи од дрво и плута, на просечно ниво од 16.241 денар.
Веднаш по овој сектор, со намалување на платите од 11,1%, се наоѓаат дејностите за подготовка на оброци и служење на храна, кои и претходно биле ниски, а со намалувањето паднале и под законскиот минимум, односно 14.471 денар.
Благ пад на платите има и кај компјутерското програмирање, од само 0,6%, а овие вработени и натаму остануваат на врвот со највисоки плати, па тие во април изнесувале 62.818 денари.
Но, во неколку сектори статистиката забележала и зголемување на просечните плати.
Во април, и покрај кризата, изгледа дека одлично им одело во дејноста производство на други неметални минерални производи, каде платите пораснале за 20,9% и сега изнесуваат 33.740 денари.
Во дејноста производство на пијалаци, платите отишле нагоре за 13,3%, и тие во четвртиот месец изнесувале 34.618 денари.
Раст на примањата има и кај производството на хартија, кај канцелариско административните дејности, како и кај неколку други сектори.
Plati nevraboteni-4Пораст на невработените
Освен намалувањето на платите како една од последиците од економската криза којашто почна силно да се чувствува во април како последица на здравствената криза со коронавирусот, последните три месеци колку што трае пандемијата досега забележан е и зголемен број на невработени луѓе.
Статистиката на Агенцијата за вработување покажува дека во мај, како баратели на работа се пријавиле 5.560 граѓани повеќе од претходно. Во април, оваа бројка беше уште поголема и достигна 6.737 граѓани, додека пак во март, бројот на невработени се зголеми за 1.564 луѓе. Вкупно, произлегува дека за овие три месеци на пазарот на труд се појавиле 13.861 нови невработени граѓани.
За да им помогне на овие граѓани кои ги загубиле работните места во овие месеци додека трае оваа криза, државата им исплаќа месечен приход во износ од 14.500 денари колку што изнесува минималната плата.
Но анализите покажуваат дека ударот од кризата можел да биде и многу посилен и да загрози дури 75.000 работни места.
Истражувањето на Институтот за економски истражувања, Finance Think покажа дека мерките на владата да исплаќа по 14.500 денари по работник за оние компании коишто се соочиле со пад на приходите над 30%, успеале да зачуваат речиси 10% од сите работни места.
Но, потенцијалот на оваа мерка, според извршниот директор и главен економист на Finance Think, Благица Петрески, е далеку поголем.
„Kрајниот таргет и потенцијалот на тие мерки е околу 198.000 работни места. Во април беше обезбедена поддршка за околу 135.000 работни места што означува одредени под реализација, и којашто во еден дел се должи можеби заради недоволната информираност на компаниите, меѓутоа и оние чести промени на уредбите и одредени критериуми за мерките предизвикаа одредена неизвесност кај компаниите. Па оттука се почувствува одреден страв кај фирмите да аплицираат за конкретната мерка, што можеби е причина да не се искористи целокупниот потенцијал. Во месец мај реализацијата е за одреден степен зголемена, што е позитивен сигнал“, објаснува Петрески од Finance Think.
Според овој Институт, фискалниот трошок на државата се проценува на 93,2 милиони евра за оваа мерка, a резултатите покажуваат дека без финансиска поддршка на претпријатијата за задржување на работните места, стапката на невработеност би се искачила на 23,9%.
Министерката за финансии, Нина Ангеловска, објаснувајќи го ефектот од овие мерки, вели дека првиот сет на мерки биле фокусирани да ги заштитат трите најпогодени сектори, туризам, угостителство и транспорт, и сите коишто имаат запрена економска активност поради мерките на Владата, а со вториот намерата била да се заштитат сите работните места во компаниите коишто се соочија со намален обем на работа.
Според последните податоци на Министерството за финансии, најмногу пари досега се потрошени за заштита на работните места, што беше главен фокус на првите два сета на мерки.
Во април, со пари од државната каса, исплатени биле плати во висина од 14.500 денари, колку што всушност изнесува минималната плата во земјава, на вкупно 140.000 работници од 19.500 фирми. За таа цел се потрошиле 28 милиони евра. Според износот на вкупна исплатена поддршка, околу 57% биле за плати на вработени во микро и мали компании, 22% во средни и 21% во големи компании. По одделни индустрии, најголемиот број на вработени за кои е добиена финансиска поддршка, околу 52.000 работници се во преработувачката индустрија, потоа околу 26.000 во трговија на мало и околу 16.000 во угостителство и објекти за сместување.
За следниот месец, мај, од Министерството велат дека се уште се доработуваат податоците, но државата од буџетот веќе финансирала плати во вредност од околу 20 милиони евра.
„Ако ги анализираме податоците произлегува дека се работи за обемна мерка која што ги дала очекуваните ефекти. Она што е важно е дека во рамките на можностите, а бидејќи за оваа мерка имавме одвоено околу 100 милиони евра, одлучивме да ја продолжиме да важи и за јуни, за да ги заштити работните места и да им помогне на компаниите да исплатат пристојно ниво на плати во време кога се соочуваат со намалени приходи за над 30%“, објаснува министерката Ангеловска.
Песимизмот засилува
Како што расте загриженоста од пролонгирање на пандемијата подолго отколку што се очекуваше првично, така засилува и песимизмот кај меѓународните финансиски институции за глобалната економија.
Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) веќе предупреди дека глобалната економија ќе се соочи со поголем пад отколку што претходно беше проектирано, а исто така и јавните финансии на државите значително ќе се влошат по напорите на владите да ги сузбијат негативните економски ефекти од пандемијата со Ковид-19.
ММФ сега проценува дека глобалниот пад годинава ќе изнесува -4,9% отсто додека во април предвидуваше пад од -3%.
„Пандемијата со Ковид-19 имаше поголемо негативно влијание врз економската активност во првата половина од 2020 година отколку што беше предвидено, а се очекува и заздравувањето да биде попостапно отколку што претходно беше прогнозирано, се наведува во ажурираниот извештај на ММФ за „Светските економски изгледи”.
ММФ во април предвидуваше пораст од 5,8% на бруто домашниот производ во 2021 година, но во најновиот извештај истакнува дека тој пораст ќе биде 5,4%.
Според основните сценарија на ММФ, глобалниот јавен долг ќе достигне историски рекорд во 2020 и во 2021 година, односно годинава ќе биде еднаков на вредноста на светскиот БДП, а следната година 103,2 % од БДП. Покрај тоа, просечниот фискален дефицит годинава ќе се искачи на 13,9% од БДП, што е за 10 процентни поени повеќе во споредба со 2019 година.
За македонската економија, прогнозите се неизбежна рецесија, иако засега нема понегативни ревидирани проекции. Процените се движат од пад на БДП од -3,2% според Светската банка, -3,4% според Владата, -3,5% според Народната банка и ЕБОР, намалување од -3,9% колку што е проекцијата на Европската Комисија, па до рецесија од -4% според ММФ.

 

 

 

 


Почитувани за да продолжите со читањето треба да бидете претплатник

Доколку сте претплатник на kapital.mk, само логирајте се.

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×