Короната продолжува да ја коси и економијата: европските берзи во минус утринава – најлоши резултати од 2012 наваму
Објавено на од во Економија
Најголеми губитници авиокомпаниите и туристичките оператори. Во 15 ч по македонско време виде конференциска средба на лидерите на Г7 земјите: што да се прав понатаму? 
Price-crash-chart-760x400
Берзите во Европа се во голем минус утринава, под влијание на паниката и стравот што го причинува брзото ширење на коронавирусот во повеќето европски земји. Во моментов, голем број централни банки во светот ги намалуваат основните каматни стапки и најавуваат вбризгување на свежи пари во економиите со цел да ги ублажат економските штети предизвикани од пандемијата.
Пан – европскиот индекс STOXX 600 падна за 8,2%  на ниво што е најниско од ноември 2012 година, при што берзите во Франција и Шпанија имаат најголеми загуби, откако и двете земји ги следат чекорите на Италија и направија национален карантин, пишува Reuters.
Авиокомпаниите и туроператорите како TUI, EasyJet, British Airways, Air France и останатите, се меѓу оние што имаат најголем пад на акциите утрово, затоа што пандемијата на коронавирусот практично го замре туризмот глобално.
Централната банка на САД (Федералните резерви) веќе ја намалија каматната стапка на 0% и најави 700 милијарди долари свежи пари во економијата, со цел да се намалат загубите за националната економија.
Централните банки на Јапонија, Австралија и Нов Зеланд воведоа, исто така, свои мерки, но не успеаја многу да влијаат врз падот на берзите што се случи утрово на азиско – пацифичките пазари.
Главниот европски берзански индекс загуби повеќе од една третина од вредноста откако постигна рекордно високи нивоа кон средината на февруари, а падот е уште поголем и заради крахот на цените на нафтата, како и одлуката на Европската централна банка од минатата недела да не ги менува каматните стапки.
Во моментов сите очи се вперени во видео конференцијата што лидерите на Г7 ќе ја имаат денеска во 15 часот по македонско време, каде што ќе дискутираат околу глобалната криза предизвикана од коронавирусот и какви дополнителни мерки да се преземат.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×