Короната збриша една четвртина од вредноста на македонскиот берзански индекс за десетина дена
Објавено на од во Компании
Паѓа во вода „целиот труд“ на пазарот од летоска наваму, затоа што моменталната вредност е на ниво од месец  јули 2019 година.
 download
Речиси 25% пад на берзанскиот индекс МБИ – 10 на Македонската берза последниве десетина дена, откако почна забрзаното ширење на корона вирусот на планетава, а и Македонија еве веќе има 23 официјално потврдени случаи на заразени со грипот.

Во моментов сe’ уште трае денешното тргување со акции на домашниот пазар на капитал, и моменталната вредност на индексот е 3.838 поени, што во однос на вредноста од 5 март, пред да почне падот, од 4.998 поени, е пад од 23,3% . Со ова практично, паѓа во вода „целиот труд“ на пазарот од летоска наваму, затоа што моменталната вредност е на ниво од месец јули 2019 година.

Во црвено се сите најликвидни акции, а најголем пад вчера забележаа акциите на Алкалоид, од 10%, како и практично сите останати акции што ја сочинуваат кошничката на МБИ-10  (НЛБ Банка, Макпетрол, Комерцијална банка, итн.) коишто имаат падови близу 10%. После ова, Бордот на директори на Македонската берза вчера донесе одлука за промена на ценовните ограничувања при тргувањето, со цел да се заштити цената на акциите од катастрофален пад. Исто така, беше изменет и друг дел од правилата, поради што Македонска берза беше затворена во тек на еден час.
Паника владее и на берзите низ светот, при што, берзите на најголемите европски пазари бележат најлоши резултати од 2012 година наваму.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×