Коронавирусот „направи“ најголем месечен промет на Македонската берза последниве 10 години!
Објавено на од во Економија
Индексот падна за 35% во март, прометот со акции се качи до рекордно ниво.
makedonska-berza-slika-1024x732
Паничната „распродажба“ на акциите во март месец предизвикана од корона – кризата предизвика промет од 23,5 милиони евра, и тоа само во класичното тргување – што е најголем месечен промет на Берзата изминативе 10 години…а и подолго. Додека некои панично брзаа да се ослободат од своите акции во страв дека ќе се обезвредни нивниот капитал, некои други го искористија тоа, и токму како да учеле од Бафет, се изнакупуваа акции од најсилните македонски компании и банки, по “дисконтни“ цени. Па, така  вкупниот промет на Берзата во месец март во споредба со претходниот месец е поголем за 250% и изнесувал 2,8 милијарди денари (околу 46 милиони евра). Од тоа, без малку половина, или 1,44 милијарди денари е во класично тргување со акции, што е за 129% повеќе од месец февруари и дури 4 пати повеќе од просечниот месечен промет со акции минатата, 2019 година.
Ако одиме малку поназад во времето со „копањето“ на берзански податоци, ќе видиме всушност дека овие 23,5 милиони евра се најголемиот месечен промет во класично тргување со акции во изминативе 10 години, а и подолго. Поголем месечен промет имало само во фамозната 2007 година, кога берзанското лудило по купување акции како на панаѓур, доведе до просечен месечен промет од над 40 милиони евра.
Познавачите на берзанските прилики велат дека паниката во март беше идеален момент за поголемите поединечни акционери во најдобрите македонски компании и банки, уште повеќе да ја зацврстат својата позиција.
……………………………………………………………………………………………………………………………………………
Повеќе на темава ќе може да прочитате во онлајн изданието на магазинот Капитал што ќе излезе во петок, 10 април. 

 

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×