Коронавирусот задава втор удар и на економијата
Објавено на од во COVER STORY

Kovid-Kaver 1-1Втора епизода од првата сезона Ковид – 19

Додека бројот на заразени достигнува нов пик, здравствените власти ги вратија на сила острите рестрикции на движење на граѓаните во обид да ги дисциплинираат и да го смират ширењето на коронавирусот. Засега не се знае колку долго ќе се пролонгираат овие мерки коишто се толкуваат како нужно зло кое несомнено и штети на економијата, но властите уверуваат дека се работи за лош исход од непочитување на мерките за време на празниците кон крајот на минатиот месец. За да се зачува здравјето на граѓаните како врвен императив, се носат одлуки и за затворање на цели компании, особено од текстилната индустрија каде што коронавирусот почна масовно да се шири. Меѓународните финансиски институции го претпоставија ова сценарио како реално доколку во меѓувреме не се пронајде ефикасна терапија или вакцина, па така ММФ прогнозира дека доколку пандемијата продолжи со несмален интензитет и следните неколку месеци, глобалниот економски раст ќе се намали дополнително за 3 процентни поени, на – 6%. Паралелно со борбата за запирање на вирусот, властите кај нас донесоа три пакети антикризни мерки во вредност од околу 550 милиони евра за да ги ублажат негативните последици врз економијата од оваа здравствена криза и засега интересот од фирмите е голем.

 

Додека бројот на заразени достигнува нов пик, здравствените власти ги вратија на сила острите рестрикции на движење на граѓаните во обид да ги дисциплинираат и да го смират ширењето на коронавирусот. Засега не се знае колку долго ќе се пролонгираат овие мерки коишто се толкуваат како нужно зло кое несомнено и штети на економијата.
Меѓутоа, за да се зачува здравјето на граѓаните како врвен императив, се носат одлуки и за затворање на цели компании, особено од текстилната индустрија каде што коронавирусот почна масовно да се шири. Сепак, властите уверуваат дека овој нов бран набрзо ќе спласне и дека летово пандемијата ќе заврши.
Меѓународните финансиски институции го претпоставија ова сценарио како реално доколку во меѓувреме не се пронајде ефикасна терапија или вакцина, па така ММФ прогнозира дека доколку пандемијата продолжи со несмален интензитет и следните неколку месеци, глобалниот економски раст ќе се намали дополнително за 3 процентни поени, на – 6%.
Паралелно со борбата за запирање на вирусот, властите кај нас донесоа три пакети антикризни мерки во вредност од околу 550 милиони евра за да ги ублажат негативните последици врз економијата од оваа здравствена криза и засега интересот од фирмите е голем.
Согласно уредбата со законска сила за финансиска поддршка на работодавачите од приватниот сектор погодени од економската криза предизвикана од коронавирусот, за исплата на платите за месеците април и мај според отворените податоци од Трезорот, исплатени се вкупно 26,7 милиони евра на 18.556 фирми. Најголем дел од фирмите, односно 96% добиле помош до 5.000 евра, додека пак 325 компании добиле помеѓу 10.000 и 100.000 евра, во вкупна вредност од 8 милиони евра.
Освен преку оваа мерка, одобрени се бескаматни кредити преку Развојната банка за околу 650 фирми во вредност од над 6 милиони евра.
Kovid-Kaver 1-2Допрва се очекува да се реализираат и мерките од третиот пакет, којшто ги таргетираше најранливите категории на граѓани. Последниот трет пакет антикризни мерки, меѓу другото вклучува платежни картички по 9.000 денари за купување домашни производи за околу 100 илјади граѓани што имаат помали приходи од минималната плата; потоа платежни картички и ваучери по 9.000 денари за домашен туризам со кои се таргетираат исто така околу 100.000 граѓани со приходи под минималната плата; викенд без ДДВ за сите граѓани за купување домашни производи; паричен надомест за сите кои останале без работа во март и април; но и неколку мерки за поддршка на бизнисите како бескаматни кредити од Развојната банка во вредност од 31 милиони евра, уште 25 милиони евра од Буџетот за освојување нови пазари и поголема конкурентност, финансирање на обуки, како и повеќе мерки насочени за поддршка на земјоделството.
Се проценува дека овие мерки ќе опфатат околу 730.000 граѓани.
Прогнозите засега неизвесни
Отсега не може никој прецизно да каже колкав ќе биде ефектот на пандемијата врз економијата. Меѓународните финансиски институции прогнозираат дека македонската економија ќе падне во рецесија а процените се движат од пад на БДП од -3,2% според Светската банка, -3,5% според Народната банка и ЕБОР, намалување од -3,9% колку што е проекцијата на Европската Комисија, па до рецесија од -4% според ММФ.
„Главните причини за ова се домашната побарувачка, гледаме дека поради затворањето домашната побарувачка се намали. Луѓето останаа дома, продавниците беа затворени, фабриките беа затворени делумно, и тоа има влијание на расположливиот приход, на вработувањето, тоа е една работа, потоа друго е што гледаме забавување и кај најголемите трговски партнери на Северна Македонија особено во ЕУ што е најголем извозен пазар, и тоа доведе до намалување на извозот, и трета работа е нарушување на синџирите на снабдување. Исто така и кај извозот видовме одредено нарушување, на пример ако земете предвид дека Северна Македонија увезува многу од Кина, и овие транспортни текови беа прекинати“, оцени Фрејк Јанмаат, раководител на Секторот за економски прашања во Делегацијата на ЕУ во Скопје.
За мерките на Владата за ублажување на последиците од кризата во економијата, Јанмаат вели дека се издржани и очекува да дадат резултати.
„Ние сметаме дека имаат смисла, генерално. Владините мерки се прилично слични со оние што членките на ЕУ ги преземаа, ако ја видиме големината, целиот пакет изнесува околу 5,5% од БДП што е повеќе или помалку на линија со околните земји во регионот. Кога ги гледам мерките засебно, тие се логични, имаат за цел да обезбедат ликвидност во економијата, да го зачуваат вработувањето во приватниот сектор, и исто така да спречат банкроти на компаниите. Првите два пакети имаа за цел да обезбедат бескаматни кредити, субвенции за платите и социјалните придонеси, одложување на даноците, а сега минатата недела видовме поголема поддршка за ранливите групи односно сиромашните граѓани. Мислам дека сите имаат смисла, но важно е што континуирано се дискутираат со социјалните партнери, со синдикатите, организациите на работодавачи, стопанските комори, за да бидеме уверени дека се релевантни во целото општество“, потенцира Јанмаат.
Буџетот е ликвиден
Иако кризата силно се одрази врз бизнис секторот последните два месеца, сепак, приходите во буџетот не се драматично намалени. Впрочем, најновите податоци од Министерството за финансии покажуваат дека приходите во буџетот заклучно мај се согласно поволното сценарио.
„Патеката на движење беше соодветно проектирана и досегашната реализација се движи во линија со планираното, односно имаме позитивно отстапување или подобра наплата од околу 5 милиони евра на приходите од акциза“, изјави министерката за финансии Нина Ангеловска во изјава за медиумите за извршување на буџетот од почетокот на годината заклучно мај, како и за неговото финансирање.
„Од почетокот на годината заклучно мај, наплатата на приходите во буџетот е за 8,9% пониска на годишна основа. Наплатата на даночните приходи е за 12,9% пониска во однос на 2019 истиот период. Наплатата на придонесите, пак, има раст од 7,1% во однос на минатата година, што е показател дека годината започна одлично со раст на вработеноста и платитe, а во растот на платите значајна улога одигра и мерката за поддршка на приватниот сектор за покачување на платите која ја искористија над 22.000 компании и ги зголемија платите на околу 120.000 вработени“, посочи Ангеловска.
Во исто време, расходите се зголемени за 7,9% од почетокот на годината заклучно мај, при што кај реализацијата на капитални расходи за првите 5 месеци бележи мал раст од 1,6% во однос на лани.
Kovid-Kaver 1-3Дефицитот заклучно со мај изнесува 18,9 милијарди денари или 2,8% од БДП.
„Важен аспект е дека во време на неизвесност и глобална пандемија која предизвика економски рецесии и во најголемите економии, кога има нарушување во синџирите на набавка, намалена економска активност и зголемена улога на државата во помагање на граѓаните и стопанството, ликвидноста на буџетот е стабилна и финансирањето е обезбедено под поволни услови“, истакна Ангеловска.
Ако се анализира само месец мај, остварувањето на буџетските приходи изнесува 206,5 милиони евра што претставува годишен пад од 24% споредено со мај минатата година. Даночните приходи во мај се намалени за 28%, додека придонесите се реализирани речиси на исто ниво со лани.
Во основното сценарио на Министерството за финансии, таканареченото поволно сценарио, проектираниот пад на даночните приходи за мај бил 31%.
„Како резултат на појавата и ширењето на коронавирусот, нужно зло беше да се преземат рестриктивни мерки кои имаат за цел заштита на здравјето на граѓаните, спречување на ширење на вирусот и нанесување неспоредливо поголема штета, хумана и материјална односно економска. Беше очекувано дека тоа ќе предизвика запирање на дел од економските активности и дека ќе го отежни функционирањето на некои синџири на набавка. Следствено на ова, падот на приходната страна беше очекуван“, посочи Ангеловска.
Што се однесува до расходната страна во месец мај , потрошени се 11% повеќе пари споредено со мај минатата година. Ова зголемување се должи пред се на поголемата исплата на субвенции и трансфери, односно исплата на мерката за справување со COVID-19 која се однесува на субвенционирање на плати во приватен сектор од околу 30 милиони евра само претходниот месец.
Финансирањето на дефицитот, како и на старите долгови кои доспеваат за враќање во износ од 685 милиони евра, ќе се покриваат со издадената еврообврзница во износ од еврообврзница од 700 милиони евра, заем од ММФ заем во износ од 176 милиони евра, заем од ЕУ од 160 милиони евра, заеми од Светска банка во износ од 140 милиони евра (од кои 57 милиони евра се предвидени да се влечат во 2020 година), како и повлекувања од други кредити за реализација на капитални проекти. Исто така предвидено е нето повлекување преку државни хартии од вредност од 250 милиони евра.
„Ова е најоптималното портфолио, најдобра комбинација согласно трошок и рочност, односно услови за понатамошно сервисирање на долгот. Еврообврзницата ја издадовме во вистинско време, што се огледа од побарувачката за истата која беше пет пати поголема од понудата, што е највисока во регионот од Југоисточна Европа од почетокот на кризата. Исто така, цената за еврообврзницата која ја постигнавме е 3,675% што е втора најниска камата од сите 7 еврообврзници кои се издадени од земјава. Треба да се има на ум и дека оваа еврообврзница е издадена во време на криза, што значи дека доколку беше издадена во нормални услови каматата ќе беше значително помала помала“, рече Ангеловска.

 

 

 

 


Почитувани за да продолжите со читањето треба да бидете претплатник

Доколку сте претплатник на kapital.mk, само логирајте се.

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×