Космички туризам – индустрија за 20 милијарди долари
Објавено на од во hi-tech & business
Нови можности за летање ќе ја сменат авијациската индустрија, предвидува УБС.
virgin-galactic-aims-to-reach-space-with-tourism-rocket-136431755361002601-181213080106Швајцарската банка UBS верува дека иднината, поврзанa со напорите на компании како Virgin Galactic, SpaceX и Blue Origin да спроведуваат вселенски летови, ќе биде доста профитабилна.
Во извештајот објавен претходно оваа недела, UBS наведува дека по една деценија, патувањето во вселената ќе претставува пазар, кој ќе генерира 20 милијарди  долари годишно и ќе се натпреварува со летовите на долги растојанија. До 2030 година, вселенскиот туризам ќе се претвори во пазар од три милијарди долари, рече УБС.
“Иако вселенскиот туризам сеуште е во рана фаза, ние сметаме дека, кога оваа технологија ќе се докаже, цената ќе се намали поради технологијата и конкуренцијата, а тогаш вселенскиот туризам ќе стане масовен”, коментираат аналитичарите на UBS Џеред Касл и Мајлс Волтон.
UBS очекува пошироката вселенска индустрија, која денес е во вредност од 400 милијарди долари, да се зголеми двојно, до 805 милијарди долари до 2030 година, кога ќе почне да се потпира на овие иновации. Иако овие подсектори ќе се само мал дел од сето тоа, Касл и Волтон тврдат дека “прогнозата за вселенската економија, вселенскиот туризам и долгите патувања во вселената ќе станат далеку „по-бичи“”.
Приватните вселенски компании “инвестираат агресивно во вселенската програма”, рече УБС. Компанијата верува дека пристапот до просторот “исто така ќе донесе поголеми можности за инвестирање”.
Долгите авионски летови кои траат повеќе од 10 часа, ќе бидат “проголтани” од летовите со ракети од точка до точка, тврди UBS. Компанијата ги посочува плановите на SpaceX да ги користи огромните ракети Starship кои ги гради, за да го носи до 100 луѓе низ светот за неколку минути. SpaceX изјави дека Starship ќе може да лета од Њујорк до Шангај за 39 минути, наместо за 15-те часа, кои се потребни со авион.
УБС вели дека има над 150 милиони патници годишно летаат повеќе од 10 часа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×