Косово ги затвора сите коцкарници и забранува коцкање во следните 10 години
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА
Косовските власти денеска ги усвоија измените и дополнувањата на Законот за игри на среќа со кои се предлага забрана на коцкањето и затворање на сите коцкарници во следните 10 години. Оваа забрана се случува откако се случија две убиства кои се случија во два коцкарници минатата недела.
kazina
Косовскиот премиер Рамуш Харадинај на новинарите по владината седница им соопшти дека неговиот кабинет го прифатил барањето на парламентот за забрани на коцкањето и затворање на сите коцкарници на косовската територија.
“Ние го спроведуваме барањето на собранието, кое го упати барањето до Владата по предлог на најголемата опозициска партија Демократски сојуз на Косово”, изјави Харадинај.
Тој изјави дека во следните 30 дена ќе ги достави измените на Законот со што забраната на коцкањето во Косово ќе биде и официјално озаконета.
Кон крајот на минатата недела, на вонредна седница на косовското собрание, со 74 гласови за, се усвои „Резолуција за прекин на активностите на казината и игрите на среќа и дополнување на соодветниот закон.“
Со оваа резолуција, наложено и е на косовската влада да започне законска постапка да се запрат активностите на сите видови на игри на среќа, да се направат измени во законот, но, исто така, да и дадат мандат на парламентарната комисија за буџет и финансии да ја започне постапката за подготовка на новиот закон, со кој се забранува работата на казината и објектите  во кои се одвиваат игри на среќа во период од десет години.
Седницата е одржана на предлог на пратеникот на ЛДК Авдулах Хоти, по неодамнешните трагични убиства на двајца млади луѓе во казина во Липљан и Сува Река.
На истиот ден, косовската полиција во соработка со даночната администрација и косовската царина, спроведе акција на територијата на 33 градови во Косово, со која е извршен претрес на 235 казина и обложувалници, од кои 35 се затворени.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×