Косово ја прекина комуникацијата со УНМИК
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Премиерот на Косово повтори дека нема да има корекции на границата меѓу Косово и Србија.

haradinaj

Косовскиот премиер, Рамуш Харадинај, соопшти дека Косово ја прекинало комуникацијата со Мисијата на Обединетите нации во Косово (УНМИК) додавајќи дека писмата што Мисијата ги праќа до ОН не ја отсликуваат реалноста.

Изјавата на Харадинај следува кога генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, посочи дека најголем проблем во односите помеѓу Белград и Приштина е таксата од сто отсто на српските производи што се увезуваат во Косово.

„Ние не комуницираме повеќе со УНМИК. Тие ги пишуваат овие писма и ги праќаат таму, а писмата не се одраз на вистината. Тензиите помеѓу Косово и Србија ги создаде војната, нанесените штети и големата болка, како и нерешавањето на односите со договор за признавање“, рече Харадинај.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×