Косово воведе царина од 100% за производи од Србија и БиХ, ЕУ бара повлекување на одлуката
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Kosovo 1Високaтa претставничка на ЕУ, Федерика Могерини, ја осуди одлуката на Приштина да воведе 100% царина на српските производи и побара одлуката да биде повлечена.

Могерини рече дека одлуката на Приштина за зголемување на царините за производи од Србија и БиХ “јасно го крши договорот ЦЕФТА, како и Спогодбата за стабилизација и асоцијација (ДСА)”.
Таа ја повика косовската влада веднаш да ја укине мерката.

Заради одлуката на косовските власти да ги зголемат царините на српските производи за 100%, претседателот на Србија Александар Вучиќ вчера имаше итна средба со амбасадорите на Кина и Русија, како и со шефот на мисијата на ЕУ во Србија, а доцна вечерта се одржа и седница на Советот за национална безбедност.

Вучиќ информираше дека на седницата на Советот за безбедност е донесена одлука да не се превземаат никакви контрамерки.

“Ние нема да ги сопираме ивните камиони, ниту патничките возила, ниту стоката кон Косово и Метохија. Сакаме да ја покажеме разликата меѓу одговорното и сериозното однесување и неодговорното однесување”, рече Вучиќ по седницата на Советот повикувајќи го Косово да ја повлече одлуката.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×