Костас Дузинас
пратеник на СИРИЗА и претседател на Комитет за надворешна политика и безбедност
Со пратеникот на СИРИЗА и претседателот на Парламентарниот комитет за надворешна политика и безбедност во грчкиот Парламент, Костас Дузинас се сретнавме во Скопје за време на неговата официјална посета. Дузинас е еден од највлијателните светски професори на темите на правото, правната филозофија, човековите права и долгогодишен редовен професор на Биркбек, Лондон. Разговараме за процесите што ја потресуваат Европската Унија во очи на изборите пролетва, но и за балканските процеси на растење неопходни за иднината на овој дел од континентот.