Костиќ, МК Group: Ништо не правиме на светскиот пазар без регионално поврзување!
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА
Неопходно е регионално поврзување на компаниите од Западен Балкан со цел зголемување на економската конкурентност на земјите од регионот

Според Миодраг Костиќ, сопственик на српската „МК Group“, само на овој начин компаниите би можеле да се борат со конкуренцијата на светскиот пазар.

Тој објасни дека најдобрите компании од Западен Балкан кои доаѓаат од различни економски сектори, треба да се здружат во кластери, кои евентуално би излегле на светскиот пазар.

„Ако ние тоа не го направиме, ќе бидеме само набљудувачи на она што ќе го направат другите регионални шампиони“, предупреди Костиќ, обраќајќи се на „Kopaonik biznis forum 2015“.

Костиќ оцени дека српското земјоделсто е во подредена позиција во однос на Европската Унија, бидејќи, како што рече, ЕУ од аграрниот буџет издвојува 34 проценти од БДП-то за субвенции, додека Србија само четири отсто.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×