Котираните компании на Берза со двојно поголема вкупна нето добивка во прв квартал
Објавено на од во Компании

Вкупно 69,1 милиони евра е вкупната нето добивка на сите 101 компанија на задолжителна котација на Македонската берза. Од овој ќар 76% е на шест банки, од вкупно 8 колку што се на котација.

ThinkstockPhotos-539953664

Вкупно 4,2 милијарди денари или 69,1 милиони евра изнесува нето добивката во првиот квартал годинава на сите 101 компанија што се на задолжителна котација, покажуваат извештаите што ги презентираше Македонска берза. Вкупната добивка на сите што имале позитивен резултат во првите три месеци е 4,65 милијарди денари, додека тие што имале загуба, сите заедно прокнижиле 394,8 милиони денари во минус. Нето добивката на сите 101 компанија е за цели 109,3% поголема во однос на истиот период лани. Од нив, 56 оствариле добивка, а 45 загуба.

Најголема добивка од сите котирани друштва има Стопанска банка АД Скопје, од една милијарда денари (16,2 милиони евра), што е за 57% повеќе од истиот период лани. Следат исто така друштва од банкарскиот сектор, НЛБ Банка АД Скопје и Комерцијална банка АД Скопје, со речиси идентични добивки во прв квартал, од 15,7 милиони евра и 69%, односно 2378% повеќе во однос на првиот квартал лани, респективно.

Меѓу 10-те најпрофитабилни друштва, има вкупно пет банки, а банкарскиот сектор е убедливо најпрофитабилен меѓу 101 котирани компании, со вкупна нето добивка од 3,2 милијарди денари, или 52,2 милиони евра, што е речиси 76% од целата нето добивка на сите 101 компании. Трите најголеми банки во државава, што се и трите најпрофитабилни котирани друштва, имаат заедно околу 48 милиони евра, или речиси 69% од целата нето добивка на сите котирани компании. Од банкарскиот сектор, има осум котирани друштва на Берза, од коишто шест имаат добивка, а две загуба.

Гледано секторски, после банкарството, најпрофитабилен е секторот услуги, со 380,9 милиони денари вкупна нето добивка, каде што има 10 компании со добивка и 10 со загуба. Најпрофитабилна компанија тука убедливо е Македонски телеком со 382,6 милиони денари (6,2 милиони евра).

Индустријата, од каде што има најмногу компании на задолжителна котација, 41, 20 од нив покажале добивка, а 21 загуба. Нето резултатот е позитивен, односно 366,5 милиони денари (без малку 6 милиони евра), што е речиси 3,5 пати подобар резултат од лани.

Најголема добивка кај индустриските компании има убедливо Мермерен комбинат Прилеп, од 281 милион денари (4,6 милиони евра).

Фармацијата, која што на берзанската котација учествува со две компании, покажува вкупна добивка од 280,5 милиони денари, поточно Алкалоид со 246,8 милиони денари (4 милиони евра) и Реплек со 33,7 милиони денари (548 илјади евра).

Вкупна нето загуба покажале секторите земјоделство (507 илјади евра), градежништво (292 илјади евра), угостителство (260 илјади евра) и трговија (14,3 илјади евра).

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×