Коцијанчич: Правно обврзувачки договор меѓу Србија и Косово предвидува стратегијата за Западен Балкан
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Официјалните претставници на Европската Унија кои посредуваат во дијалогот меѓу Белград и Приштина работат со претседателите на Србија и на Косово, Александар Вучиќ и Хашим Тачи, за постигнување сеопфатна нормализација на односите, изјави портпаролката на висока претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини, Маја Коцијанчич, за приштинскиот весник „Газета експрес“.

„Двајцата претседатели покажаа конструктивна ангажираност. Стратегијата за Западен Балкан предвидува правно обврзувачки договор“, додава Коцијанчич, најавувајќи дека ЕУ наскоро ќе ги повика двете страни во Брисел на нова рунда преговори.

Коцијанчич во изјавата одбила да ја коментира идејата за евентуална размена на територии меѓу Србија и Косово, иако како што рекла, ЕУ е „свесна за постење на таква иницијатива“.

Приштинските медиуми изминативе денови објавија дека косовските официјални претставници ја разгледувале идејата за размена на територии меѓу Белград и Приштина, како и дека Тачи за тоа разговарал со странски дипломати.

Американската Амбасада во Приштина на прашање на „Газета експрес“ одговори дека САД не ги поддржуваат „тајните преговори“, кои наводно се во тек меѓу високи косовски и српски официјални претставници за размена на територии меѓу Косово и Србија.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×