Коцијанчич: Регионот има европска перспектива, но да продолжи да се помирува и да соработува
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Портпаролката на Европската комисија, Маја Коцијанчич, по повод изјавата на албанскиот премиер Еди Рама за можно обединување на Албанија и на Косово, изјави дека е „најважно да се одржат добри соседски односи и соработката со сите мора да биде рамноправна“.

„Како што неодамна беше потврдено во Европскиот совет, регионот на Западен Балкан има јасна европска перспектива. За да ја постигнеме таа цел соработуваме со сите партнери во регионот, без да се отстапи од принципот на помирување и регионална соработка“, истакна Коцијанчич.

Таа нагласи дека каква било форма на политичко влијание е штетна за зацврстување на добрососедските односи.

Албанскиот премиер Еди Рама вчера во интервју за бриселскиот весник „Политико“ изјави дека ако перспективата за членство на земјите од Западен Балкан во ЕУ продолжи да се намалува, тогаш би можело да се случи и обединување на Албанија со Косово.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×