Ковид – кризата ги намали приходите во буџетот за 8,2% во првите осум месеци
Објавено на од во Економија
Најголемо е потфрлањето кај данокот на добивка, акцизите и персоналниот данок на доход, раст има само кај увозните давачки, од 7%. Кај ДДВ наплатата е помала за 13,6%. Во овие осум месеци реализиран е дефицит од 17,4 милијарди денари или 75,7% од проектираниот со ребалансот на Буџетот.
rebalans-budzet-1
Приходите во Буџетот во август изнесуваат 14,2 милијарди денари што е помалку за 13,9% во однос на лани, известува Министерството за финансии. Кумулативно, од почетокот на годината приходите изнесуваат 119,6 милијарди денари и се на пониско ниво за 8,2% во однос на минатата година, што е пак благо подобрување во однос на првото полугодие кога кумулативно приходите беа пониски за 9% во однос на лани.
Во август даночните приходи се пониски за 17,1% во однос на претходната година, додека кај придонесите се забележува пад од 2,7%. Кај даночните приходи има потфрлање на месечно ниво и тоа кај ДДВ од 14,3%, кај акцизите од 25%, кај данокот на добивка од 28,9% и кај персоналниот данок на доход од 10,4%, додека кај увозните давачки се забележува раст од 7,9%.
Расходите во август изнесуваат 17 милијарди денари и се за 5,8% повисоки во однос на лани.
Кумулативно, буџетските приходи заклучно со август имаат пад од 8,2% што се должи на падот на даночните приходи од 12,1%. Кумулативно, од почетокот на годината се забележува раст на придонесите од 7,1%. Од јануари годинава заклучно со август има послаба наплата кај скоро сите даноци освен кај увозните давачки каде што растот изнесува 7%. Кај данокот на додадена вредност се забележува кумулативен пад од 13,6%.
Вкупните расходи, пак, заклучно со август изнесуваат 154,5 милијарди денари и се за 11% повисоки во однос на претходната година, при што тековните расходи се повисоки за 11,2%, додека капиталните за 5,9%. Во овие осум месеци реализиран е дефицит од 17,4 милијарди денари или 75,7% од проектираниот со ребалансот на Буџетот.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×