Коѕиас денеска пристигнува во Скопје
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Шефот на грчката дипломатија денеска треба да слета на меѓународниот аеродром Скопје во прва посета на земјата, по преименувањето на аеродромот, што беше една од отстапките кои македонската Влада ги направи во процесот на преговорите меѓу Македонија и Грција за решавање на спорот за името.

Коѕиас денеска треба да пристигне во земјава, а за утре, како што најави шефот на македонската дипломатија Никола Димитров, е предвидена богата агенда за грчкиот гостин.

Двајцата министри е планирано да разговараат за позициите на двете страни, откако и Грција и Македонија си ги разменија нацрт-договори за решавање на името, за кои Димитров рече дека се разликуваат еден од друг.

Достоинствено решение за името, со почитување на идентитетот, без промени на Уставот е нешто што го бара македонската страна.

Премиерот Зоран Заев, потврдувајќи го пристигнувањето на грчката нацрт-спогодба во Македонија, нагласи оти тие (нацрт-спогодбите) се алатки што можат да бидат од помош во процесот на преговори, но клучен елемент е нацрт-драфт-меѓународен договор што треба да дојде од медијаторот на ОН во спорот, Метју Нимиц.

Димитров и Коѕиас на 30 март во Виена ќе имаат нова средба со посредникот Нимиц.

Според грчките медиуми по доставените предлози од двете страни преговорите влегуваат во клучна фаза.

Весникот „Катимерини“ анализира дека позициите на Атина во грчката нацрт-спогодба се горе-долу познати и вклучуваат седум точки, а за три од нив постои договор, „за името (веројатно „Горна Македонија“), за акронимите и за иредентистичките наводи“.

Спорот за името била една од темите за кои разговараа завчера грчкиот премиер Алексис Ципрас и коалицискиот партнер во Владата, Панос Каменос. Министерот за одбрана по средбата рече дека ставот на Независни Грци, против употребата на терминот Македонија, е непроменет и додаде дека сега топката е на македонска страна.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×