Коѕиас: Нацрт-спогодбата е испратена до Скопје
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Текст што ги содржи грчките предлози и агенда за идна соработка е испратен до Скопје, изјави шефот на грчката дипломатија Никос Коѕиас во Брисел, по советот за надворешни работи на Европската унија.

Како што јави дописникот на МИА од Атина, Коѕиас, во изјава за државата телевизија ЕРТ, одговарајќи на прашањето дали при посетата на Скопје ќе ја однесе и грчката нацрт спогодба, вели дека предлозите од Атина се веќе испратени.

„Да ви дадам нешто ексклузивно. Изработивме текст со нашите предлози во целост, како во однос на отворените проблеми што ги имаме со ПЈРМ, така и за идна агента на соработка што ќе им донесе корист и на двете страни. Овој текст го имам пратено пред повеќе денови во Скопје“, рече шефот на грчката дипломатија во изјава за државната телевизија ЕРТ.

Никос Коѕиас, според најавите, но без да постои официјална потврда, се очекува во четврток и петок да биде во Скопје.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×