Коѕиас: Не сум рекол дека спoрот за името е поврзан со јазикот или со други прашања
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

„Се надевам дека во еден момент ќе можеме да дојдеме во ситуација да имаме содржајни разговори за името. Никогаш не сум кажал дека тоа е поврзано со јазикот или други прашања“,изјави шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕиас, на прес-конференцијата во Солун, одговарајќи на новинарско прашање дали, како што објавија некои грчки медиуми, рекол дека Атина освен името на Македонија оспорува и други прашања како што се јазикот, нацијата…

Коѕиас, претходно денеска, во Солун имаше средба со шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров, на која разговарале за нови форми на соработка.

Во контекст на денешниот состанок на министрите од Грција, од Македонија, од Бугарија и од Албанија, Коѕиас истакна дека Атина ќе даде поддршка за повеќето земји за членство во Европската унија, како и поддршка за создавање мрежа за соработка.

Тој признава дека Грција се однесувала арогантно кон земјите во регионот во 90-те години, но извлекла поука и се свртела кон градење доверба. Оцени дека односите меѓу земјите во регионот сега се многу подобри отколку што се перципира во јавноста.

„Треба да сме подготвени на компромиси и да не се плашиме. Треба да ги решаваме проблемите“, рече Коѕиас.

Во обраќањето на прес-конференцијата во Солун тој нагласи дека иднината на ЕУ е во заеднички интерес и во интерес перспективата на регионот, и оти земјите кандидати за членство во ЕУ во следната фаза на пристапување ќе добијат средства наменети за Југоисточна Европа.

„Со средбата сакаме да ги идентификуваме заедничките интереси, иднината на регионот и грчката надворешна политика е фокусирана на исполнување на денешната агенда како да им се посветиме на овие прашања, како и на прашањата од економијата, културата, образованието, истражувањето, како и секторите за енергија и за внатрешна безбедност“, рече Коѕиас.

На средбата во Солун договорена е нова средба за шест месеци со прашања во врска со соработка со користење на фондовите на ЕУ.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×