Коѕиас пред грчката Влада го претставил дополнетиот нацрт-договор што ќе го донесе во Скопје
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коѕиас, синоќа на неформален состанок на Владата во Атина ги претставил клучните аспекти од нацрт-договорот што ќе им биде доставен на властите во Скопје.

Коѕиас, како што објавува грчка „Иефмерида“, ги презентирал и новите елементи кои дополнително биле додадени во нацрт-документот, пренесува МИА.

Според извори во грчкото МНР, Коѕиас би можел следната недела да допатува во Скопје за да го достави нацрт-договорот. Грчката страна во меѓувреме сака да спречи делови од содржината на документот да протечат во јавноста, како и да избегне дипломатските консултации да се префрлат на насловните страници во медиумите. За таа цел, Коѕиас лично ќе му го достави грчкиот нацрт-договор на шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров.

Главна пречка, како што истакнува „Иефмерида“, останува барањето за промена на македонскиот Устав како гаранција на договорот за името.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×