Коѕиас пристигнува во Скопје на средби со Заев, Димитров, Иванов и Османи
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Министерот за надворешни работи на Грција, Никос Коѕиас, денеска пристигнува во еднодневна официјална посета на Македонија. Тој во Скопје ќе има средби со неговиот домаќин, шефот на македонската дипломатија Никола Димитров, со претседателот Ѓорге Иванов, премиерот Зоран Заев, со вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, и со претставници на парламентарните партии.

Од Владата најавија дека средбата на ниво на државни делегации, на Република Македонија, предводена од премиерот Зоран Заев, во којашто учествува и министерот за надворешни работи, Никола Димитров, и делегација на Република Грција, предводена од министерот за надворешни работи на Република Грција, Николас Коѕиас, ќе се одржи во Владата на Република Македонија, со почеток во 12.30 часот.

Посетата на Коѕиас е возвратна, по таа на Димитров на Атина во јуни годинава. Во фокусот на разговорите, според најавите, ќе биде имплементацијата и проширувањето на мерките за градење доверба и најновите случувања во регионот. По средбата во МНР, Димитров и Коѕиас, ќе одржат заедничка прес-конференција.

Министерот Димитров, вчера во одговор на новинарско прашање за очекувањата од посетата на шефот на грчката дипломатија Никос Коѕиас, рече дека е важно да воспоставиме отворена релација и Грција да го препознае новиот момент во Македонија и да го поддржи.

Никос Коѕиас со своите домаќини во Скопје, според најавите од двете страни, нема да разговара за спорот за името.

Се очекува Димитров, како и при посетата на Атина во јуни, да побара поддршка за градење добрососедски односи и деблокирање на процесите за интеграција на Македонија во НАТО и ЕУ. Отворањето на тие патишта, според Димитров, може да придонесе да се затвори и главното прашање меѓу Скопје и Атина.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×