Коѕиас: Скопје сега подобро комуницира, но треба да покаже суштина
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Скопје и Атина со новата Влада покоректно комуницираат и потсмирена е реториката, но суштината останува иста – Европа мора да ги едуцира лидерите во Скопје за концептот на политички компромис и за културата на политички консензус.

Ова е пораката што вчера, во контекст на средбата со медијаторот во спорот за името на Македонија, Метју Нимиц, ја испрати грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коѕиас, од Брисел.

По средбата, Коѕиас индикативно оцени дека имал „многу интересна и сериозна средба со господинот Нимиц“. Шефот на грчката дипломатија рече дека медијаторот кој неодамна престојуваше во Скопје, го информирал за климата таму.

„Ќе работиме на решение и се надевам дека ќе добиеме одговор и ќе биде избегнато мешањето на трети страни кои би го отежнале пристапот кон ова решение“, порача Коѕиас од Брисел.

Оваа негова средба со Нимиц беше закажана од Грција, откако медијаторот беше во Скопје, но не можеше потоа да се сретне со претставниците на Атина поради нивните преговори за кипарското прашање.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×