Од оваа средба (9-ти септември) кралицата Елизабета Втора ќе стане монарх кој најдолго владее во Британија, пренесува спрски Танјуг. На овој ден, се навршуваат точно 23.266 дена од нејзиното седнување на тронот.
За време на нејзиното владеење со Британија, на власт дошле и заминале 12 премиера- од Вистон Черчил, па се до денешниот и се уште актуелен, Дејвид Камерон.
Британската кралица за време на своето досегашно владеење поминала вкупно 10 часа читајќи го таканаречениот „кралски говот“, со кој секоја година се отвора парламентот.
Елизабета исто така има одржано 56 божиќни говори, што е едно од најгледаните обраќања во Британија.
Кралицата до сега има направено 97 државни посети, од кои прва и беше во Норвешка во 1955, а последната и беше сега во јули во Германија, a за ниту една од посетите не користела пасош.
Гледано во светски рамки, Елизабета сепак не е монархот кој најмногу време владее во една држава. Во моментот тоа е кралот на Тајланд, Бумибол Адалјудеџ кои владее во оваа земја шест години подолго од Елизабета.