Кралот на чоколадото Милтон Херши советува
Објавено на од во ЛИДЕРИ

p1150303-hersheys-chocolate-worldНеуспехот е клучен дел на патот до успехот

Ретки се оние кои не слушнале за чоколадата Hershey. Но, малкумина ја знаат приказната за почетоците со производство на чоколадо во фабриката на чоколадниот крал Milton Hershey. Меѓутоа, пред да стане успешен, тој три пати неуспешно се обидувал да почне бизни со слатки. Ниту еден од тие обиди  не вродил со плод, но кога ја почнал “Hershey Chocolate Company” станал лидер во индустријата со слатки.

 

Милтон Херши (Milton Hershey) од никој и ништо успеал да стане еден од најголемите бизнисмени и филантропи кој станал синоним за млечните чоколади во Америка.
Ретки се оние кои не слушнале за чоколадата Hershey. Но, малкумина ја знаат приказната за почетоците со производство на чоколадо во фабриката на чоколадниот крал Milton Hershey.
Меѓутоа, пред да стане успешен, тој три пати неуспешно се обидувал да почне во бизнисот со слатки. Ниту еден од тие обиди  не вродил со плод, но кога ја почнал “Hershey Chocolate Company” станал лидер во индустријата со слатки.
Успехот најчесто доаѓа после серија на неуспеси. Сите луѓе грешат во приватниот и деловниот живот. Ако знаеме да учиме од грешките, ќе бидеме наградени. Но, ако заглавиме во очај заради неуспехот, грешките ќе не надвладеат.
Преку животната приказна на Херши можат да се научат неколку размислувања кои им помагаат на луѓето да се издигнат од неуспехот.
 1-Ништо не е вечно
“Кога поминувате преку турбулентен период и кога сметате дека се се свртило против вас, кога мислите дека не можете да издржите повеќе, не се откажувајте. Бидејќи тоа со текот на времето ќе помине”-Руми.
Милтон Херши се отпишал од училиште на 14 години  и почнал да стажира кај слаткар во Ланкастер, во Пенсилванија. Четири години подоцна, позајмил 150 долари од тетка му и отворил своја продавница за слатки во срцето на Пенсилванија.
После пет години напорна работа без успех, морал да ја затвори продавницата. Потоа, му се придружил на татко му во Денвер и повторно се вработил кај некој слаткар. Таму ја открил карамелата и сфатил како да го користи млекото за изработка на врвни колачи.
Само затоа што се уште не сте го пронашле својот пат, не значи дека се губитник. Кога себеси се сметате за губитник, создавате магичен круг на негативности кој може да влијае на вашите идни одлуки.
На секој исход донекаде влијаат надворешни фактори. Ако на неуспехот гледате како на нешто привремено, можете да бидете практични и да донесете разумни одлуки и чекори за решавање на проблемите.
2-Разочарувањето поднесете го исправено
“Дијамантот не може да го добие својот сјај без брусење, исто како што ни човекот не може да се усоврши без искушенија”- Кинеска народна поговорка.
Дури и да сфатите дека не сте губитник, тоа не значи дека неуспехот нема да ве боли. Упорните луѓе развиваат ментален склоп со кој полесно се носат со проблемите. Тие го прифаќаат поразот, се прилагодуваат и тргнуваат понатаму.
Претприемачот Милтон Херши тргна од почеток, прво во Чикаго, а потоа во Њујорк. И во двата случаи не успеа, но тоа не го спречи да се обиде повторно. Во 1883 година ја основал Lancaster Caramel Company и понатаму уверен дека може да изгради успешна компанија за слатки.
Кога имате самодоверба и искуство од поразите, идните предизвици нема да ви се чинат така лоши. Важно е само да одлучите дека ќе ги совладате новите пречки со надеж за успех.
Sheldon-adelson-WEB-10

3-Што можете да научите?
“Да се промените, и да се промените на подобро, се две сосема поинакви работи”- Германска поговорка
Никогаш не би смееле ништо да започнуваме без верба во успех, но разбирливо е дека грешките се клучен дел на патот до успехот. Малку што можеме да научиме ако се работиме совршено. Најдобро учиме кога ќе се изгориме.
Во 1893 година Милтон Херши добил близок увид во уметноста да се изработат чоколади на World’s Columbian Exposition во Чикаго. Тоа го поттикнало да ја основа Hershey Chocolate Company и покрај малиот успех во бизнисот со карамели.
Тој сакал да ја иновира изработката на млечна чоколада. Млечните чоколади тогаш биле поврзани со Швајцарците. Херши сакал да пронајде нова формула за масовно производство на чоколади, која би била примамлива и на широките маси.
Херши потоа ја продал Lancaster Caramel Company за милион долари и ја основал Hershey Chocolate Company.
Новата фабрика почнала со производство во 1905 година и го постави новиот пат во индустријата за слатки и чоколади. На Херши му биле потребни повеќе од 3 години за да го осмисли планот за модерна фабрика за слатки откако ја затвори неговата претходна фабрика за карамели.
Во неговата биографија пишува: ” Набрзо успехот на Hershey Chocolate Company далеку го надмина успехот на неговата поранешна фабрика. Меѓу најдобрите идеи била и Hershey Kiss од 1907 година која основачот ја нарекол по себеси. Оваа чоколада во фолија е додадена во асортиманот во 1924 година”.
4-Во ред е ако ве критикуваат
“Критиката е само туѓо мислење. Понекогаш, дури и големите експерти грешат. На вас е дали на критичарите ќе им верувате делумно, целосно или нималку. Вашето мислење е најважно” .
Кога ќе погрешиме најмногу ни е страв од туѓите негативни осуди. Многу ги критизираат луѓето заради сопствена несигурност. Тоа многу зборува за нив, а не за нас.
Чоколадите на Херши биле долго време критикувани за нивниот вкус кој ни оддалеку не бил како швајцарските.
Но, вистината е дека најголемите критичари најчесто се луѓе кои немаат храброст да се изложат на работа и често живеат од насладување на туѓите грешки, како би го зголемиле своето самопочитување.
Кога преземате голема задача, морате да работите заради себе, а не заради прифаќање од другите. Во тој случај многу полесно ќе се носите со критиките и неуспехот.
5-Што понатаму?
“Првиот чекор кон промена е свесноста. Втриот чекор е прифаќање. Третиот е делување”.
Кај грешките не е најстрашна иницијалната последица, туку нејзиното влијание на долгорочното однесување на поединецот. Ако грешката премногу ја земете при срце, многу потешко ќе ви биде да го донесете следниот чекор.
Зошто да жалите за грешките, кога тие и онака се дел од минатато? Ако не преземете следен позитивен чекор, ризикувате да влезете во емоционалниот круг на неуспехот. Започнете нов проект со кој ќе ги окупирате вашите мисли. Немојте да седите само во соба чекајќи светот да ве проголта. Тоа е веројатно најголемата лекција која можете да ја научите од животната приказна за патот до успехот на Херши.
Sheldon-adelson-WEB-02

 

 

 

 

 


Почитувани за да продолжите со читањето треба да бидете претплатник

Доколку сте претплатник на kapital.mk, само логирајте се.

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×