Красниќи: Освен царината, Косово треба да воведе и други мерки кон Србија
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Красниќи оцени дека царината е задоцнета и треба  и други мерки да го условуваат дијалогот за решавање на споровите со соседната земја.

jakup-krasniki

Поранешниот спикер на косовското Собрание и актуелен претседател на Националниот совет на владејачката Социјалдемократска иницијатива (Нисма), Јакуп Красниќи категорично се спротивставува на барањата за укинување на царината од 100% на увозот на производи од Србија и од Босна и Херцеговина, јави дописникот на МИА од Приштина.

Красниќи дури оцени дека царината е задоцнета и дека „со оглед на агресивната политика на Србија“, Косово треба да воведе и други мерки и да го услови дијалогот за решавање на споровите со соседната земја, што се води под покровителство на Европската Унија.

Поранешниот претседател на Парламентот и политички комесар на Ослободителната војска на Косово (ОВК), во интервју за приштинската агенција Косовапрес, го советува премиерот Рамуш Харадинај да не ја повлекува одлуката за царините, бидејќи, како што наведе, меѓународниот притисок треба да се насочи кон Белград, а не кон Приштина.

– Јас мислам дека Косово треба да донесе и други мерки и можеби и да го услови дијалогот. Но, Косово не е тоа кое го условува дијалогот, иако има многу причини да го стори тоа, истакна Красниќи.

Тој смета дека дијалогот со Белград треба да го води преговарачкиот тим избран од Собранието и предводен од лидерот на Нисма, вицепремиерот Фатмир Лимај, а не претседателот на државата Хашим Тачи, на чија идеја за „корекција на границата со Србија“ исто така остро се спротивставува.

– Косово нема што да ѝ даде на Србија, посочи Красниќи.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×