Креативноста на ново ниво – Swatch POP колекцијата часовници претставена и во Скопје
Објавено на од во lifestyle

Новата колекција на швајцарскиот бренд за часовници Swatch, наречена соодветно на концептот што стои зад неа – Swatch POP, во петокот, на 20 мај, беше презентирана и во Скопје, преку ексклузивниот застапник за Македонија „БОЖИНОВСКИ ЧАСОВНИЦИ И НАКИТ“. На презентацијата што ја водеше актуелниот радиоводител на новата емисија „Сказалки“, Марко Новески, беа прикажани и фотографиите на графичкиот дизајнер и илустратор Иван Петрушевски ФЛИМ, а за соодветен музички амбиент се погрижи познатиот ДиЏеј Чваре.

Колекцијата Swatch POP произлегува од врската што Swatch ја воспостави со модерната уметност уште од своите почетоци, претворајќи ги своите часовници во уникатен медиум и начин да се покаже креативноста на свој и посебен начин.

Кога инспирацијата на Swatch ќе се сретне со креативноста на уметниците, се добиваат уникатни дела. Такви се специјалните фотографии кои Иван Петрушевски ФЛИМ (FLIM) ги изработи инспириран од разиграниот и откачен Swatch POP часовник.

Часовниците од Swatch POP колекцијата имаат куќиште што лесно се вади и може да се носат на бескрајно многу начини и на дестинации каде што ве носи вашата имагинација. Во еден момент тие одбројуваат на вашата рака, а во следниот се прикачени на сладок синџир.

Срцето на колекцијата Swatch Pop се девет часовници кои се дизајнирани за да гарантираат ослободување на вашата имагинација и креативност.

Три се црно-бели часовници дизајнирани имајќи ги на ум графичките дизајнери кои секогаш ги ценат чистите форми и линии. Три се колоритни креации кои наместо бројки, имаат конфети, и три се уникатни дизајни кои ќе го уловат секој поглед. Спојот на неонските бои и поп-арт е она што дополнително ги истакнува овие часовници, покрај куќиштето кое лесно се вади. Секој од часовниците е спакуван со специјален додаток кој ви овозможува да го однесете вашиот Swatch POP на нова досега невидена дестинација за него.

Инаку, компанијата што е ексклузивен застапник за Македонија на Swatch, „БОЖИНОВСКИ ЧАСОВНИЦИ И НАКИТ“, постои на македонскиот пазар веќе 20 години, со продажни салони во Скопје и во Битола, како и мрежа на агенти низ државата. Претставници се за швајцарските брендови за часовници и накит – Swatch, Calvin Klein, Tissot, Longines, Omega, Breitling, TAG Heuer, MontBlanc и други.

 

 

 

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×