Креаторите на ефекти за “Терминатор“ влегоа во европски учебник за претприемништво
Објавено на од во Компании
Успехот на студиото за визуелни ефекти и анимација Fx3x од Скопје  е разработен во  учебник за претприемништво,  напишан од тројца меѓународни автори во издание на престижната куќа Пелгрејв Мекмилан

Денес, во просториите на компанијата во Скопје беше промовирана книгата „Кршење на мраз на претприемачки начин: Процеси и студии на случај за успешни претприемачи од централна и источна Европа“, во ко-авторство на Џулија Пратс, Марк Сосна и Силвија Шишко – Романчук, а во издание на светски престижниот издавач Пелгрејв Мекмилан, каде што е поместена и приказната за Fx3x, формирана во 1997 година.

Fx3x kniga

“Книгата е за кршење мраз, насловот е навистина прикладен. Интересно е што многумина ни кажуваа, па дури и не убедуваа дека тоа што сме го замислиле е неможно и дека треба веднаш да се откажеме, да не губиме време. Тоа што го имавме наумено не само што беше различно од се што се одвиваше околу нас, туку со себе го носеше и тогаш ересот на амбиција да се успее на светски пазар. Она што би сакал младите луѓе кои ќе го користат овој учебник да го научат од нашиот пример е: Не верувајте кога ќе Ви зборуваат колку е невозможно, верувајте во себе!“, рече Кристијан Даниловски, еден од основачите на Fx3x.

Fх3х  учествуваше во креирањето на визуелните секвенци на петтото продолжение на СФ-акцијата Терминатор – „Terminator Genisys“ што во моментов се прикажува во светските кино сали, а компанијата досега има работено и на преку 50 други холивудски блокбастери.

„Fx3x достојно ја преставува Македонија отсликувајќи ја деловната клима во Македонија, Европа и светот во тешките услови за освојување на светските пазари, но и успехот кој може да го постигне една фирма од мала земја.“- изјави Македонка Димитрова, истражувач во УАКС Институт за претприемништво и лидерски развој и ко-автор на делот  за Fx3x кој што е поместен заедно со други студии на случај  на 15 стартапи од централна и источна Европа во учебникот промовиран денеска.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×