Кредитите и депозитите и натаму бележат раст
Објавено на од во Економија
Депозитите и кредитите и натаму бележат раст. Податоците на Народната банка покажуваат дека вкупните депозити оствариле годишно зголемување од 11,1%, додека кредитите за 9%.
kredit_281015_tw630Раст е забележан и кај депозитите и кај кредитите и на корпоративниот сектор и на домаќинствата.
Во текот на март на месечна основа кај депозтите има раст од 0,4% во услови на раст кај двата сектора со поизразен придонес на секторот домаќинства.
Во март 2019 година, вкупните депозити на корпоративниот сектор се повисоки за 0,3% на месечно ниво, што произлегува од зголемувањето на долгорочните денарски депозити, краткорочните депозити во странска валута и депозитните пари, што делумно е неутрализиран преку падот на краткорочните депозити во денари и долгорочните депозити во странска валута.
На годишна основа, депозитите на корпоративниот сектор растат со 12,1%, во најголем дел заради зголемувањето на депозитните пари и на краткорочните депозити во странска валута и во денари, при помал, но позитивен придонес и на долгорочните депозити.
Вкупните депозити на домаќинствата, бележат месечен раст од 0,2%, што се должи на зголемувањето на долгорочните депозити во денари и во странска валута и краткорочните депозити во странска валута, во услови на остварен пад кај депозитните пари. Стапката на годишен раст на депозитите на домаќинствата изнесува 8,7%, пред сè како резултат на порастот кај депозитните пари и краткорочните депозити во странска валута, при позитивен придонес и на долгорочните депозити.
Кредитите на корпоративниот сектор, во март 2019 година, забележаа зголемување на месечна основа од еден отсто. Поголемо учество кон месечниот раст имаат кредитите одобрени во странска валута, додека годишниот раст во најголем дел се должи на кредитите одобрени во денари.
Во март 2019 година, вкупните кредити на домаќинствата остварија месечно зголемување, исто така, од 1%. Анализирано по валута, нагорните месечни и годишни промени во најголем дел произлегуваат од денарските кредити.
Според намената на кредитите одобрени на физичките лица, овој месец,најзастапената категорија биле потрошувачките кредити, кои бележат месечен раст од 1,2% и годишен раст од 10,9%. Станбените кредити исто така се зголемени за 1,2% на месечна основа, додека годишната стапка на раст кај оваа компонента e непроменета во однос на претходниот месец и изнесува 13,6%. По негативните стапки во претходниот месец, во март, автомобилските кредити забележале месечно и годишно зголемување од 2,3% и 0,4%, соодветно.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×